Подобрете го вашето расположение за помалку од 20 секунди

Подобрете го вашето расположение за помалку од 20 секунди

Понекогаш наједноставниот начин да се оттргнете од лошото расположение е со помош на секојдневни активности. Дел од овие активности го активираат окситоцинот во вашето тело, кој е попознат како „љубовниот хормон“ бидејќи создава чувство на љубов, доверба и поврзаност и токму затоа секогаш кога ќе почнете да чувствувате дека вашето расположение опаѓа, обидете се да го вратите со помош на еден од овие трикови…

Подобрете го вашето расположение за помалку од 20 секунди

Моќта на срцето – Првиот трик е една многу едноставна вежба. Ставете ја вашата рака на срцето, вдишете длабоко и додека го правите тоа обидете се да замислите како љубовта, сочувството и олеснувањето поминува низ вас. На овој начин вие ќе го стимулирате љубовниот хормон, кој ќе почне да испраќа внатрешен сигнал дека сте безбедни и дека можете слободно да се смирите. За помалку од 20 секунди вие ќе забележите дека стресот полека се заменува со внатрешен мир.

Моќта на прегратката – Друг одличен начин на кој можете да го стимулирате окситоцинот е доколку добиете 20-секундна прегратка. Да, толку е едноставно. Прегрнете некој со кој сте на некој начин поврзани, како на пример, вашиот партнер, најдобриот пријател или пак, кучето. За да успее оваа вежба, другата личност мора да ви возврати на прегратката.

Моќта на насмевката – Последниот трик вклучува искрена и топла насмевка. Без разлика каде се наоѓате во овој момент, насмевнете ѝ се на првата личност која ќе помине покрај вас. Не мора да ја познавате. За само неколку секунди вие ќе почувствувате како вашето расположение се подобрува. Неверојатно, се согласувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар