Подгответе ги нозете за првото сончање

Подгответе ги нозете за првото сончање

Со првите топли сончеви зраци се охрабривме да се ослободиме од темните хулахопки и тесните панталони, но нозете, што ни биле скриени со месеци, не се подготвени за изложување на сонце. Поголемиот дел од жените имаат проблем со пресветли нозе и заспана кожа по долгиот зимски сон. Со таа цел, решивме да споделиме неколку трикови што ќе ви го олеснат преминувањето во новата сезона и ќе ви помогнат да ги подготвите нозете за првото пролетно сонце.

Подгответе ги нозете за првото сончање

1. Пилинг

Една од најефикасните методи за „будење“ на кожата на нозете е користење сува четка што ќе ви ги отстрани мртвите клетки кожа и ќе ви ја подобри циркулацијата. Резултатот е видлив веднаш! Пилингот е најдоброто нешто што можете да го направите за вашата кожа, што по третманот ќе биде мазна и нежна како свила.

 2. Хидратација

Следниот чекор е хидратацијата. Сигурно досега безброј пати имате чуено дека дехидрацијата прави кожата да ви изгледа суво и збрчкано, па доколку сакате да имате сјајни нозе, мора да почнете да пиете поголеми количества вода. Исто така редовно масирајте ги со масло и млеко за тело со цел да ја одржувате кожата влажна.

3. Тен

Ако се нервирате бидејќи нозете ви се пресветли, најбрзиот начин да ги подготвите за куси фустанчиња или шорцеви е да пронајдете добра крема за потемнување. Имате голем избор, па веруваме дека ќе ја најдете идеалната за вас. Само бидете внимателни, бидејќи доволна е мала количина, измешана со обично млеко за тело, за да ја добиете потребната нијанса.

Дали сакате да имате нозе како фотомодел? Со овие вежби ќе го постигнете тоа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар