Подарокот кој сакаме да го добиваме но ретко го подаруваме

Подарокот кој сакаме да го добиваме но ретко го подаруваме

Постои нешто кое сите многу сакаме да го добиваме, но често забораваме да го подариме некому, а истовремено не чини ниту пари ниту време. Тоа е претставувањето на вашите пријатели пред некој друг.

1-Podarokot-koj-sakame-da-go-dobivame-no-retko-go-podaruvame-www.kafepauza.mk_

Секој сака да запознава нови луѓе, а вие можете многу лесно да го подарите тоа задоволство. Можете да бидете оној кој придонел да се склопи ново силно пријателство, да се создаде нов љубовен пар или да доведете во контакт идни бизнис соработници. Потребни се само неколку минути и вашите убави зборови за секој од нив. Адам Грант, професор на колеџот Вортон и експерт на полето на мотивацијата и односите меѓу луѓето кои се вклучени во бизнисот, тврди дека неговиот успех во животот се должи токму на тоа што неговите пријатели го запознавале со други луѓе.

„Кога гледам наназад кон моментите кои во корен го променија мојот живот, голем дел од нив имаат започнато преку ненаметливи и великодушни претставувања. Ја запознав мојата сопруга преку запознавање од некој друг, ја избрав и мојата кариера преку едно исто такво запознавање. Кога напишав книга за скриената моќ на помагањето на другите, тоа се појави на насловната страница на магазинот Њујорк Тајмс, повторно благодарение на едно претставување. Адам Рифкин беше една од ѕвездите во таа книга, и се разбира, тој ми беше претставен од некој друг“, вели Грант.

Подарокот кој сакаме да го добиваме но ретко го подаруваме

Луѓето ретко се решаваат да подарат познанство. Тие попрво би се решиле да подарат пари, предмети, вештини, знаење, но не и убаво, љубезно претставување пред некого. Според Грант тоа веројатно се должи на фактот што луѓето се чувствуваат одговорни за личноста која ја запознаваат со некој друг, притоа плашејќи се за својата репутација. Затоа и повеќето запознавања се случуваат по нечие барање, а не по иницијатива на поврзувачот. Би било подобро кога поради која било причина вие самите би избрале двајца луѓе за кои сметате дека можат да имаат бенефит од познанството и, едноставно, го сторите тоа на едноставен и љубезен начин. Така би подариле навистина убав подарок, без никаков повод.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар