Подароци за колегите
Колегите од работа работат напорно со вас преку целата година. Со вас ги споделуваат и добрите и лошите мигови. Слави, родендени и разговори за време на паузите се само дел од работите кои ги споделувате секој ден, по неколку часа. Сè што може да направите како благодарност за времето и миговите поминати заедно, се вниматено одбрани подароци со или без причина. Кога купувате подарок имајте на ум дека тој не треба да е премногу скап или многу интимен. Држете се до класичните подароци, но дајте до знаење дека се подарени со почит и задоволство. За роденден, слава, празник или за Нова година, погледнете неколку идеи за подароци за колегите од работа кои навистина го заслужиле тоа од вас:
.
.
Книга
Ако вашиот колега чита книги, а вие го знаете неговиот омилен писател, жанр или неговото хоби, ова е одлична идеја за подарок. Книга може да му подарите на колегата ако видите дека во слободно време сака да чита.
.
- Комична книга подарете му на новиот колега или на идна мајка.
- Бестселер подарете му на шефот во групата или раководителот.
- Биографска или автобиографска книга подарете му на колегата кој идеализира некоја историска, јавна личност, актер или музичар.
- Подарете му претплата за омиленото списание на колегата кој секојдневно го чита тоа списание.
.
Рамка за слика
Постојат разни видови рамки за слики кои може да се најдат за секого. Ова е можеби најлесен начин да одберете подарок за колегата. Ако сте биле кај колегата дома на гости, одберете рамка во боја на домашниот ентериер. Ако пак не сте го виделе неговиот дом, одберете рамка во форма и боја која мислите дека ќе одговара на карактерот на неговата личност.
.
- Изберете мазна, сребрена рамка за софистициран колега.
- Накитена рамка е изборот за модерна колешка.
- Дрвена рамка подарете му на колегата кој е професионален во работата.
- Рамка со повеќе места за фотографии е соодветна за фамилијарни колеги со деца.
- Модерна рамка – за колега со минималистички стил.
- Егзотична рамка е одличен подарок за колегата кој патува и ужива правејќи го тоа.
.
Колачиња
Ова е одличен подарок за колеги што обожаваат да готват, ви носат разни слатки и солени специјалитети да ги дегустирате на работа и секогаш ги читаат страниците за рецепти во весниците. Испечете разни видови колачиња во различни форми, облици и вкусови, а ако не сте баш спретни во кујната, купете од супермаркет. Ставете ги во дрвен дас, завиткајте ги со машна и ете одличен подарок. Ако не сакате да подарите колачиња, купете различни модли за правење колачиња.
.
Закачалка за чанта
Ова е одличен подарок за колешката од работа која сте забележале дека нема каде да ја закачи чантата. На пазарот ги има во различни бои, форми и дезени. Ваше е да ја одберете онаа што мислите дека ќе ѝ се допадне.
.
Забавни игри за возрасни
Тука спаѓаат: игри за PlayStation, твистер, монопол, табла… Вакви подароци најдобро е да им дадете на колеги кои ви се поблиски, со кои и вие можете да ги играте игрите кои ќе им ги подарите.
.
Масажер
После напорен ден на работа, масажер одлично би му дошол на секого. А ако имате масажер на работната маса, тоа би било уште поубаво. Подарете му на колегата масажер, со кој повремено ќе се опушта за време на работата. Верувајте, ќе ви биде бескрајно благодарен.
Najgolem podarok od kolegite ke bide vistinski razgoovor ako navistina se setat na ne[to takvo
Se pomalku ima kolegi