Победнички мисли посветени на македонската кошаркарска репрезентација
Мотивацијата, желбата за успех и единството се клучот за успех во секој спорт. Во изминативе 18 дена тоа ни го докажаа нашите кошаркари на Европското првенство во кошарка, кое се одржа во Литванија. Понесени од љубовта и силниот дух во соблекувалната, тие покажаа што значи да се игра со срце. Ова се 10 мисли од познати спортисти и тренери, кои се посветени токму за нив и нивниот историски успех. Момци секоја чест!
„Во кариерата имам промашено повеќе од 9000 шутеви. Имам изгубено скоро 300 мечеви. Во 26 наврати сум бил приморан да го изведам последниот шут за победа и сум промашил. Сум редел неуспех, зад неуспех. Токму затоа и сум успеал.“ – Мајкл Џордан
„Шампионите не се создаваат во салите. Шампионите се направени од нешто што го имаат длабоко во себе, желба, сон, визија… Тие имаат вештина и волја, а волјата треба секогаш да биде посилна и помоќна од сите вештини.“ – Мохамед Али
„За да постигнеш големи нешта, прво треба да веруваш во нив.“ – Арсен Венгер
„Не можеш да ставиш лимит на ништо. Колку повеќе сонуваш, толку подалеку стигнуваш.“ – Мајкл Фелпс
„Мора да го најдеш победникот во себе. Никој друг нема да го стори тоа за тебе.“ – Бјорн Борг
„Човекот може да биде силен колку што сака да биде. Доколку верувате во себе и ја имате храброста, посветеноста, одлучноста и сте спремни да ги жртвувате малите нешта во животот, сè може да биде сторено.“ – Винс Ломбарди
„Талентот овозможува да се добијат натпревари, но тимската работа и интелигенцијата освојуваат шампионати.“ – Мајкл Џордан
„За да можеш да победиш, прво треба да веруваш дека вредиш.“ – Мајк Дитка
„Љубовта е силата која го подига духот и го спојува тимот.“ – Фил Џексон
„Тимската работа е единствениот начин за да се направи важен чекор кон дефинирање на нашата кариера.“ – Пет Рајли
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.