Победете ја дремката без да пиете многу кафе

Победете ја дремката без да пиете многу кафе

За многу луѓе кафето е единственото нешто кое може да ги освести кога им недостигаат неколку часа квалитетен сон. За да не се налевате непотребно со кафе во текот на целиот работен ден, прочитајте ги алтернативните начини кои ќе ви помогнат да останете будни.Победете ја дремката без да пиете многу кафе

Ладна вода

Миењето со ладна вода или пиењето чаша ладна вода, е еден од најдобрите начини да се освестите наутро.

Едноставни утрински вежби

Кога многу ви се спие, скокнете неколку пати во место за да го забрзате протокот на крв и за да го покачите нивото на вашата енергија.

Гума за џвакање

Џвакајте гума за џвакање без шеќер. Движењето на мускулите на лицето предизвикано од џвакањето, ќе го избрка уморот кој го чувствувате. Најмногу се препорачуваат мастики со освежувачки вкус, како на пример пеперминт, лимон и слично.

Насмевка

Смеењето доволно го стимулира вашиот мозок и го тера да се разбуди.

Музика

Слушањето музика со брз ритам кога многу ви се спие, исто така ќе ви го разбуди мозокот.

Светлина

Ако можете, прошетајте се малку на сончева светлина. Она што го рекле старите не е лага, сонцето навистина дава енергија. Доколку не можете да излезете надвор, максимално осветлете ја просторијата во која седите. Запалете го светлото и тргнете ја завесата, бидејќи ако седите во мрак ќе се чувствувате поспано.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар