По рецептот на нашите баби: Ванилици со џем од дуња

По рецептот на нашите баби: Ванилици со џем од дуња

Подгответе го овој вкусен десерт и збогатете ја празничната трпеза!

По рецептот на нашите баби: Ванилици со џем од дуња

Потребни состојки:
  • 200 грама свинска маст
  • 100 грама шеќер
  • 500 грама брашно
  • 1 јајце
  • 2 кафени лажички кисела павлака
  • 1/2 прашок за печиво
  • 200 грама џем од дуња
  • 50 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:

Во еден длабок сад изматете ја свинската маст со шеќерот, јајцето и киселата павлака. Постепено додавајте го брашното и прашокот за печиво и месете додека не добиете меко тесто. Тестото истанчете го со сукало на дебелина од 5 милиметри. Со кружен калап извадете кругови од тестото, а потоа на половината од полните кругови, како што одговара на калапот, направете мали дупки, за да добиете изглед на прстен. Тепсијата обложете ја со хартија за печење и наредете го во неа обликуваното тесто. Рерната загрејте ја на 200 степени и печете сè додека ванилиците не поцрвенат. Печеното тесто оставете го да се излади. На полните кругови ставете малку џем од дуња и преклопете ги со шупливи кругови. Чоколадото стопете го на пареа и со тоа испрскајте ги ванилиците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар