По раскинувањето на врска секој партнер губи по 8 пријатели

По раскинувањето на врска секој партнер губи по 8 пријатели

По раскинувањето на врска, особено долгогодишна, секој од партнерите покрај тоа што останува сам, губи во просек и по 8 пријатели. На некои им е преку глава да ги слушаат разните проблеми, други пак застанале на нечија страна и се придржуваат кон едниот од партнерите, трети наеднаш почнуваат да ве избегнуваат од некои нивни причини. По раскинувањето на врска секој партнер губи по 8 пријатели

„Кога една врска се распаѓа, неизбежно е некои пријатели да се најдат во средина помеѓу два огна, особено ако раскинувањето било лошо. На тие луѓе може да им дојде преку глава, секогаш да се наоѓаат во средина на проблемите на нивните пријатели, особено ако едниот од нив, најчесто поблискиот, го притиска да застане на негова страна.“ – објаснува Чад Шофелд, човекот кој стои за истражувањето

Иако повеќето луѓе очекуваат да изгубат дел од пријателите што ги стекнале за време на врската, сепак малкумина очекуваат дека можат да останат со своите најблиски пријатели, што често се случува, објаснува тој.

Во просек секој од партнерите губи по 8 пријатели. Тројца од нив се пријатели на другиот партнер, тројца се пријатели кои ги стекнале заеднички за време на врската, а двајца се пријатели кои ги знаеле одамна, но застанале на страната на другиот партнер или се заситиле од слушање за разните проблеми, па се повлекле.

Од испитаните 2.000 луѓе, на 31% им е жал што ги изгубиле пријателите. Сепак 21% од испитаниците, признале дека активно работеле за да ги придобијат на своја страна. По раскинувањето, половина од нив се искажале дека одредени пријатели почнале да ги избегнуваат, без никакво објаснување.

Дури 48% одговориле дека не биле во можност да побараат од своите пријатели да бидат со нив во тешките времиња и дека биле осамени и тажни за време на периодот на привикнување.

„На луѓето кои имаат раскинато врска, навистина им е потребна поддршка, но сепак многу често остануваат изолирани и сами додека не се навикнат на новиот статус.“ – додава Шофелд



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар