Планирате да купите нова кожна јакна? Еве што сѐ треба да знаете пред да го направите тоа!
Ни доаѓа есента, а со неа и менувањето на гардеробата, односно се враќаат некои парчиња облека кои најмногу сакаме да ги носиме и поради кои го сакаме ова годишно време. Помеѓу првите, а можеби и најмногу сакано и користено парче облека е кожната јакна која ниту една личност со стил на ја избегнува, па токму поради тоа секогаш треба да ја изберете внимателно и паметно. Ако се одлучивте за шопинг по нова кожна јакна, некои од овие работи мора да ги знаете.
1. Изберете го вистинскиот крој
Кога избирате кожна јакна за себе, тогаш е важно да ја пронајдете онаа која најмногу ќе ви одговара, токму затоа што ќе ја носите во сите доби од денот и ноќта, но и во сите прилики. Ако ви е потребна за променливиот период, тогаш изберете јакна со памучна или тенка постава, додека пак ако сакате да ја користите и во текот на зимата тогаш нејзината постава треба да биде од волна или некој друг топол материјал. Сѐ зависи од тоа колку често ќе ја носите и со што ќе ја комбинирате, но нека ја следи линијата на вашето тело, бидејќи така одлично ќе ја следи и секоја ваша модна комбинација.
2. Боја
Секако, најкласичен и најсигурен избор се јакните во црна и темно кафеава боја. Нив можете да ги носите секогаш и секаде, односно да ги комбинирате со сите парчиња облека. Меѓутоа, постојат кожни јакни и во други бои, како што се на пример крем, розова, црвена, зелена… Ако сакате да си играте со вашите модни комбинации и ако модата за вас е една игра која знаете како да ја играте, тогаш изберете кожна јакна во некоја необична боја. Запомнете дека не мора секогаш да изберете класичен стил.
3. Кожната јакна одговара на сѐ
И кога се вели сѐ, се мисли на апсолутно сѐ. Можете да ја комбинирате со други парчиња облека, со најразлични материјали, спортски, елегантни, но и сосема свечени модни комбинации. Со рамни обувки, високи потпетици, патики, таа секогаш ќе изгледа одлично, што всушност допринесе таа да биде една од најомилените и најважните парчиња облека во нашите гардеробери.
4. Детали
Кога сме веќе кај класичниот стил, веќе долго време едноставните модели на кожни јакни не се наоѓаат помеѓу најбараните парчиња облека, туку девојките се одучуваат за оние модели со различни патенти, нитни и други додатоци кои главно се во сребрена или златна боја. Токму таков модел изберете и вие, бидејќи ќе биде одличен детаљ на секоја ваша модна комбинација.
5. Вистинска или „лажна“ кожа?
Едно од најчестите прашања кога се во прашање кожата и крзното е тоа дали да се избере лажен или вистински материјал? Ова е одлука која треба да ја донесете врз основа на вашите убедувања и вашата финансиска состојба. Имајте на ум и дека често можете да пронајдете јакни од некои материјали кои се со доста добар квалитет и многу личат на вистинска кожа. Меѓутоа, ако покрај одличниот изглед квалитетот ја „игра“ поважната улога, тогаш би требало да избирате парчиња облека од вистинска кожа.
Откако ќе ја пронајдете и купите совршената јакна за вас, погледнете како да ја одржувате вашата кожна јакна.