Пита со сирење: Еден од оние рецепти што се добредојдени на секоја трпеза

Пита со сирење: Еден од оние рецепти што се добредојдени на секоја трпеза

Оваа пита ја сака речиси секој и секој има свој стар рецепт на кој му верува и на кој му се враќа кога копнее по вакви десерти. Додека пребарувате по рецептите, сигурно сте налетале на оној за „мрзливата“ пита со сирење.

Зошто е наречена така, всушност не е познато, но според некои теории, своето име го добила поради домаќинката која била премногу мрзлива да прави тенки кори за пита или поради малиот број кори што треба да се направат за оваа торта.

Пита со сирење: Еден од оние рецепти што се добредојдени на секоја трпеза

Потребни состојки:

За тестото:

  • 4 жолчки
  • 150 гр шеќер
  • 220 гр путер
  • 370 гр брашно
  • 5 гр прашок за печиво

За филот:

  • 500 гр урда
  • 150 гр шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 4 белки
  • 1 лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги жолчките и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Потоа изматете го путерот. Додајте го брашното и прашокот за печиво и месете го тестото со рака. Поделете го на два дела. Расукајте еден дел и префрлете го во плехот за печење, а другиот дел ставете го во проѕирна фолија, а потоа оставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.
  2. За да го направите филот, изматете ги сирењето, шеќерот и сокот од лимон и додајте го брашното. Потоа изматете ги белките и комбинирајте ги смесите со лажица.
  3. Ставете го филот врз тестото и израмнете. Извадете го остатокот од тестото од фрижидерот и ставете го врз филот со сирење. Тавата за печење што ја користите може да има големина 20х30 см, така што вашата торта ќе биде повисока.
  4. Печете во загреана рерна на 190 °C околу 35 минути.

Moжеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за „лажна“ карамела без шеќер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар