Претходно
Пита со праски и цимет – рајско слатко задоволство
Сакате да подготвите еден интересен десерт овој викенд? Оваа пита со праски се прави лесно, а само едно залче ќе ве однесе во рајот.
Потребни состојки за тестото:
- 250 грама брашно
- 125 грама путер
- 1 жолчка
- 1 лажица шеќер
- Прстофат сол
- 2 лажици ладна вода
Потребни состојки за филот:
- 4 зрели праски
- 4 лажици мед
- Прстофат цимет
- Кора од 1 лимон
- 2 лажици презла
- Ливчиња нане
Начин на подготовка:
- Измешајте ги состојките за основата и замесете ги во компактно тесто. Покријте го тестото со целофанска фолија и ставете го во фрижидер добро да се излади (околу 90 минути).
- Потоа, помеѓу два листа хартија за печење растегнете го тестото во кружна форма со радиус од околу 25 см и дебелина од 0,5 см. Подготвеното тесто избоцкајте го со виљушка и тргнете го настрана.
- За тоа време исечете ги праските на парчиња. Изрендајте лимонова кора и измешајте ја со презлата и циметот.
- На тестото посипете ја подготвената презла, а потоа наредете ги парчињата праски и на крајот прелијте со мед.
- Рабовите на тестото малку поткренете ги нагоре, па кон средината за да се добие убаво формиран круг.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
- Питата послужете ја топла во комбинација со топка сладолед и декорирајте со ливчиња нане.
Љубители сте на благи пити? Пробајте ја и оваа сочна пита со боровинки.