Пита без печење: Ледена фантазија од само 3 состојки

Пита без печење: Ледена фантазија од само 3 состојки

Оваа пита без сомнение ќе стане вашиот омилен летен десерт

Пита без печење: Ледена фантазија од само 3 состојки

Потребни состојки:
  • 280 грама чоколадни кекси со чоколадно полнење (околу 24 парчиња)
  • 1 лажица растопен путер
  • 950 милилитри благо стопен сладолед од ванила
Начин на подготовка:

Со помош на нож, исечкајте 6 кекси и ставете ги на страна. Направете ја кората така што во процесор за храна ставете 10 кекси и вклучете го сè додека не станат мали трошки. Додајте го путерот и мешајте сè додека не добиете еднолична смеса. Мешавината од кексите и путерот сипете ја во сад за печење со дно кое може да биде отстрането. Цврсто притиснете ја кората на дното и врз неа наредете ги 8-те целосни кекси.

Врз нив ставете го сладоледот и со гумена шпатула нежно распоредете го на целата површина. Потоа врз питата сипете ги трошките од кекси кои ги подготвивте во процесорот за храна. Оставете ја питата во замрзнувач најмалку 4 часа, односно сè додека не стане цврста. Со цел целосно и сигурно да ја извадите од садот, по неговиот раб поминете со крпа намокрена со топла вода, а потоа подигнете го дното заедно со питата и поставете ја на чинија за сервирање. Добар апетит.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар