Пирамидата на Дилтс: Концепт кој ќе ви помогне да сфатите што имате

Пирамидата на Дилтс: Концепт кој ќе ви помогне да сфатите што имате

Сите имаме различни животи – некои се успешни, а некои не успеале да ги средат работите. Животните тренери користат разни шеми со цели да ја подигнат вашата свест за вашите животни проблеми. Пирамидата на Дилтс е модел за лична промена која оди од едно ниво кон друго. Кога ќе промените нешто на повисоко ниво, ќе промените нешто од пониските нивоа. Овој принцип, доколку го разберете правилно, може засекогаш да ви го промени животот.

Пирамидата на Дилтс: Концепт кој ќе ви помогне да сфатите што имате

Значењето на пирамидата

Пирамидата на Дилтс за логични нивоа е концепт кој би требало да го знае секого. Има најмалку 2 добри причини за ова:

  • Можноста да го анализирате вашиот живот – анализата преку прашањата во пирамидата може да ви помогнат да сфатите одредени нешта кои ќе функционираат во ваша корист.
  • Шанса за влијание врз животот – штом ќе ги откриете главните проблеми, ќе имате јасна слика за тоа што е потребно да го направите за промена.

Нивоата на пирамидата

Пред да продолжиме со објаснување на секое од нивоата, важно е да знаете еден трик – одговорот на прашањето на секое ниво може да се најде на погорното ниво.

Ниво 1: Што имам?

Прашањето од ова ниво е директно поврзано со обврски, финансии, семејство и сè што е поврзано со вашата околина. Разумното прашање овде е: Зошто ги имате сите нешта што ги имате? За да го одговорите ова, потребно е да одите на повисокото ниво.

Ниво 2: Што да правам?

Ова прашање очигледно е поврзано со одредени постапки. Логично е дека тие постапки имале влијание на сè што имате. Во овој случај, паметно е да размислите зошто го работите тоа што го работите. Одговорот можете да го најдете на следното ниво.

Ниво 3: Како да одберам

Очигледно, изборите кои ги правите имаат важна улога во вашиот живот. Разни фактори може да имаат влијание на вашите избори – цели, здравје, страст и слично. Но овде треба да поставите и уште едно прашање. Зошто го избирате тоа што го избирате? Веројатно веќе знаете, одговорот ќе го најдете на следното ниво.

Ниво 4: Во што верувам?

Овде станува збор за личните верувања на една личност. На пример, ако сметате дека сè може да се постигне без многу напор, нема да се обидувате премногу за вашата цел. Но ако верувате дека е потребно многу труд, ќе направите сè за да ја постигнете целта. Но зошто верувате во тоа што верувате?

Ниво 5: Кој/а сум јас?

Овде станува збор за свесноста и разбирањето кои ги имате за себе. Овие концепти ги одредуваат вашите верувања. Важно е да носите реалистични заклучоци за себе и да избегнувате намалување на силните страни, како и криење на вашите недостатоци.

Ниво 6: Зошто сум жив/а?

Последното ниво е за најважниот концепт – значењето на животот. Клучно е секој да има мисија низ животот. Оваа мисија не треба да биде контрадикторна со вас, вашите верувања, избори или постапки.

Кога ќе го најдете вистинскиот одговор на сите прашања, ќе ги идентификувате сите недостатоци во вашиот живот. Сигурно веќе ви е јасно дека е многу полесно да станете подобра личност кога ќе знаете кои се вашите слаби страни. Искрените одговори ќе ви помогнат навистина да го подобрите вашиот живот. Обидете се да сфатите што се случува во вашиот живот и одговарајте ги прашањата по ред.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар