Пилули, кондоми, спирала... Сѐ што треба да знаете за контрацепцијата!

Пилули, кондоми, спирала… Сѐ што треба да знаете за контрацепцијата!

Под контрацепција се подразбира збир на мерки, постапки и методи со кои се постигнува спречување на непосакуваната бременост. Иако живееме во модерно време, каде што табу теми и не постојат, сепак постојат голем број жени, најчесто помлади, кои не поставуваат директни прашања на гинекологот кога станува збор за контрацепцијата. Во продолжение погледнете сѐ што треба да знаете за контрацепцијата.

1-piluli-kondomi-ili-spirala-sѐ-shto-treba-da-znaete-za-kontracepcijata-www.kafepauza.mk_

1. Што е „двојна“ метода?

Докторите се сложуваат дека најдобрата метода на контрацепција е таканаречената „двојна метода“. Таа вклучува користење кондом (единствено средство кое штити од полно преносливи болести) во комбинација со пилула, спирала, фластер или некои други контрацепциски средства.

2. Како да изберам која контрацепција најдобро ми одговара?

Сето ова зависи од вашиот животен стил и потреби. Не се сите доволно дисциплинирани за секој ден во исто време да пијат таблета. Затоа е најдобро методата за заштита да ја изберете така што ќе се посоветувате со гинеколог.

2-piluli-kondomi-ili-spirala-sѐ-shto-treba-da-znaete-za-kontracepcijata-www.kafepauza.mk_

3. Што е спирала или интраутерина влошка?

Тоа е реверзибилна метода на контрацепција со помош на интраутерина влошка која во последните неколку години се покажува како најдоверливо средство за спречување на непосакуваната бременост. Интраутерината влошка ја става или отстранува гинеколог и во прашање е долготрајно контрацепционо средство кое може да трае и до неколку години. За жал, не ја спречува вонматеричната бременост.

4. Кои се несаканите појави при користењето на контрацепциони пилули?

Тоа зависи од личноста. На некои една пилула им одговара, додека на некој друг не. Па така, некои жени ќе имаат проблеми со промени на расположението и грчеви во текот на користењето на пилулите, додека други ќе ја користат без проблем. Секако ве советуваме пилулата да ја избирате после разговор со гинеколог и да го известите за тоа како се чувствувате од кога ги пиете пилулите. Ако имате какви било несакани ефекти заради одредени пилули, задолжително обратете се кај вашиот гинеколог и отворено разговарајте со него и побарајте промена. Понекогаш е потребно повеќе време за да ја пронајдете методата која најмногу ви одговара.

5. Моментално не сум сексуално активна, може ли да прекинам да ја користам пилулата?

Можете да направите сè што сакате. Само мора да бидете свесни дека хормоналните контрацепциски средства се најефикасни доколку се користат во континуитет и понекогаш им е потребно малку подолго време за да „проработат“ кога повторно ќе започнете да ги користите, после одреден период на прекинување. Во тој период не потпирајте се само на пилулите, туку задолжително користете и кондом.

3-piluli-kondomi-ili-spirala-sѐ-shto-treba-da-znaete-za-kontracepcijata-www.kafepauza.mk_

6. Дали постои уште некоја цел на контрацепционите пилули?

Секако, многу хормонални методи се користат за лекување на различни здравствени состојби. Доколку имате силни грчеви во текот на менструацијата и обилни менструални крвавења, гинекологот ќе ви препорача токму контрацепциони пилули за да ја регулира вашата менструација.

7. Апче за ден потоа – што треба да знам за него?

Тоа содржи голема доза хормони и го спречува почетокот на процесот за оплодување. Колку побрзо ќе го испиете, толку подобро, а неговото дејство нема да влијае доколку го направите тоа по 48 часа.

Доколку користите орална контрацепција, погледнете што да направите ако сте заборавиле да испиете контрацепциска таблета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар