Претходно
Пилинг за тело кој ја затегнува кожата и го сокрива целулитот
Подготовките за кратки пантолончиња и фустанчиња веќе започнаа, а доколку планирате да покажувате повеќе кожа, направете ја блескава. На сувата и испукана кожа ѝ е потребна соодветна нега, а таа се крие во само 4 состојки.
Шеќерот го прави пилингот и ги отстранува мртвите клетки, маслиново масло ја негува и навлажнува кожата, а грејпфрутот и мајчината душичка делуваат антивоспалително и ја затегнуваат кожата, правејќи ја еластична и мазна. Ви го презентираме одличниот рецепт за пилинг за тело кој ќе ви ја затегне кожата и ќе ви го прикрие целулитот.
Потребни состојки:
- 1 шолја шеќер
- 2-3 лажици маслиново масло
- 10-15 капки етерично масло од грејпфрут
- 2 лажици свежи ливчиња мајчина душичка или лаванда
Начин на подготовка и потреба:
- Мајчината душичка или лавандата ситно исечкајте ја (како магдонос) и заедно со останатите состојки ставете ја во сад.
- Сѐ добро измешајте додека состојките не се поврзат. Ако смесата е премногу сува, додајте уште малку маслиново масло.
- Во текот на туширањето, на мокра кожа нанесете го пилингот и со кружни движења добро истријте го телото, а посебно бутовите и задникот.
- Измијте се со млака вода.