Пилинг, лосион и гел за туширање: 5 чекори за убава кожа на грбот
Убавиот грб секогаш воодушевува. Црвените теписи се преполни со гламурозни фустани со отворени грбови и сигурно сте се запрашувале која е тајната за толку убава кожа на грбот. Со доаѓањето на летото сѐ почесто ќе го откривате овој дел од себе, па затоа ви претставуваме 5 чекори со кои вашиот грб ќе заблеска во најубаво изданија.
Чекор 1: Маска за тело
На грбот се наоѓаат бројни жлезди кои лачат маснотија, па тоа може да доведе до нечистотија и појава на митесери и акни. Поради таа причина важно е да користите маска за тело и тоа барем еднаш во текот на неделата. Маската ќе ги отстрани сите нечистотии и како резултат вашиот грб ќе стане убав и блескав.
Чекор 2: Пилинг
Пилингот за тело ги отстранува сувите и изумрени клетки од кожата. За оваа цел добро ќе ви дојде четка за грб со подолга рачка. Но внимавајте кога ќе купувате четка, треба да изберете со природни влакна која е точно наменета за оваа работа. Оваа четка ќе биде нежна кон вашата кожа и нема да ја иритира или оштети.
Чекор 3: Гел за туширање
Мијте го грбот со нежен гел за туширање кој во својот состав ќе има минимално ниво на хемикалии кои ја надразнуваат кожата.
Чекор 4: Лосион за тело
За да ја нахраните кожата нанесете лосион за тело. Важно е да не нанесете премногу лосион, бидејќи ќе ја замасти вашата кожа и ќе ви ги затвори порите, односно ќе постигнете спротивен ефект од оној што сте сакале да го постигнете.
Чекор 5: Светкава пудра
Ако се подготвувате за излегување и сте одлучиле да го покажете грбот, нанесете пудра со светкави честички кои ќе ја изедначат кожата на грбот и ќе ѝ дадат убав сјај.
Погледнете ги и овие 5 дополнителни начини за кожата на грбот да ви биде мека и свиленкаста.