Пилешко со прелив и лук – совршен оброк за многу кратко време
Иако готвењето преставува уживање за вас, понекогаш се случува да останете без идеја што да зготвите за ручек. Поради тоа, за вас денес е тука овој рецепт за ручек со фантастичен вкус.
Потребни состојки:
- 600 грама бело пилешко месо
- 3 чешниња лук
- 2 лажици брашно + 1 лажица
- 2 лажици презла
- масло
- сол и бибер
- ливчиња магдонос
- 200 грама кисела павлака
- малку млеко
Начин на подготовка:
1. Исечете го месото на шницли, додајте сол и бибер, а на парче фолија ставете ги брашното и презлата, па избрбешкајте ги парчињата месо.
2. Пржете ги на тивок оган околу 15 минути.
3. Извадете ги парчињата месо, а во садот каде што го пржевте месото, во маслото што останало додајте 1 лажица брашно, павлака, рамномерно додајте го исецканиот лук, сол, бибер и магдонос.
4. По потреба додајте малку млеко.
5. Откако ќе биде готов, прелијте го месото со преливот.
Прочитајте го и овој предлог за десерт во чаша – меден мус.