Пикси е повторно во тренд: 6 фризури за кратка коса

Пикси е повторно во тренд: 6 фризури за кратка коса

Ако барате идеја за фризура за кратка коса, во 2021 година важи правилото: колку пократка, толку подобро. Пикси фризурата се враќа на модната сцена во сите можни изданија. Промената на вашата фризура е возбудлива авантура, особено ако е драстична. Ако размислувате за ваков чекор и за целосна или делумна трансформација на сопствената слика, овие предлози ќе ви помогнат во тоа.

Кадрава пикси фризура

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sabrina (@styledbysabrina)

Пикси фризурата доаѓа во различни варијанти. Но, таа изгледа особено интересно ако имате кадрава коса.

Пикси настрана од лицето

Слободно обликувајте ја и тргнете ја косата од лицето. Ефектот на ветер во косата носи целосен пресврт и нема што да се скрие. Време е да го покажете вашето лице.

Пикси со нерамни шишки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BALMAIN (@balmain)

Нерамните шишки и меките краеви на вратот носат иновативен концепт на пикси.

Колку пократко, толку подобро

Ова правило ќе важи во текот на целата 2021 година. Исклучително кратка, оваа машка фризура сигурно нема да остане незабележана. Но, ќе ви треба одредена количина храброст за неа.

Длабок патец + природна текстура

Тоа е основната формула на оваа фризура и е практична и лесна за обликување, а сепак многу слатка. Шишките тргнати настрана дефинитивно ќе придонесат за шармот.

Модерни фризури за момчиња

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada)

Длабокиот патец и нееднаквите краеви му даваат трендовски печат на овој класичен и елегантен стил.

Погледнете кои 4 фризури ќе ја одбележат 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар