Пикантни пиперки во сенф: Највкусната есенска закуска
Збогатете ја вашата трпеза со вкусна закуска
Потребни состојки:
- 2 килограми црвени пиперки
- 4-6 килограми лук
- 4 ловорови листови
- 1 литар вода
- 300 милилитри оцет
- 30 грама сол
- 20 грама шеќер
- 300 милилитри маслиново масло
- 400 грама сенф
Начин на подготовка:
Исчистете ги пиперките и исечкајте ја во ситни коцки, исто како да ја подготвувате за салата. Во тенџере сипете ги оцетот, водата, солта, шеќерот и потоа додајте ги и ловоровиот лист и лукот (без да го исечкате). Ставете го тенџерето на оган и почекајте да зоврие, а потоа додајте ги и пиперките, па оставете да се вари уште 10-тина минути.
Откако ќе завршите со варењето, исцедете ја течноста, извадете ги ловоровиот лист и белиот лук, па добро оладете. Потоа, добро изматете ги сенфот и маслото, па додајте ги на оладената пиперка и добро промешајте. Префрлете ја целата мешавина во врела тегла, досипете уште малку топло масло на врвот и оставете ги 10 минути во топла рерна.
Добро затворете ги теглите со капаци, прицврстете ги и оставете ги цела ноќ полека да се изладат.