Пијте повеќе вода: 5 начини да се натерате да ја практикувате оваа здрава навика

Пијте повеќе вода: 5 начини да се натерате да ја практикувате оваа здрава навика

Водата на човекот му е повеќе од потребна, а дехидратацијата е една од најчестите појави кај возрасните луѓе. Кога телото е жедно, тоа работи со забавена брзина, а кожата станува сува и безживотна. Ако сакате да стекнете навика да пиете по 8 чаши вода дневно, испробајте ги овие трикови кои навистина помагаат.

0-ispijte-povekje-voda-5-nachini-kako-da-se-naterate-da-ja-praktikuvate-ovaa-zdrava-navika-kafepauza.mk

1. Пробајте вода со вкус

За многу луѓе водата е најдосадната и најблуткавата течност, па затоа многумина посегнуваат по слатките сокови. За да го избегнете непотребниот внес на шеќер и за да ја засакате водата, дајте ѝ вкус. Во стаклено шише со вода додадете неколку ливчиња нане, парчиња лимон и портокал и ставете го во замрзнувач. Витаминската вода е вкусна и здрава.

2. Искористете ја моќта на паметниот телефон

Верувале или не, на мобилниот телефон можете да инсталирате голем број бесплатни апликации направени токму за оваа намена. Станува збор за потсетник кој ќе ве извести дека е време да се напиете чаша вода. Иако звучи необично, овие апликации се многу корисни.

3. Набавете убаво шише, специјално за вас

Во текот на денот постојано брзаме и сме во гужва, па поради тоа забораваме на потребите за вода, а тоа негативно се одразува на нашето тело. Набавете убаво шишенце за вода кое постојано ќе го имате со себе. Ставете го во торба и носете секаде го со вас. Кога сте на работното место, сместете го на бирото за постојано да ви биде при рака.

4. Водата нека ви стане предјадење

Овој трик навистина делува. Освен што ќе стекнете навика постојано да пиете вода, вака и ќе ослабите затоа што ќе ви го намали чувството за глад, а со тоа ќе внесувате помалку храна. Пред кој било оброк (тоа важи и за грицките измеѓу оброците) испијте барем половина чаша вода. Овој трик за брзо време може да ви стане една од поздравите навики кои ги имате.

5. Водете сметка колку сте испиле

Ако пиењето вода ви создава тешкотии, направете план. Дознајте колку вода собира во вашето шишенце и направете пресметка колку шишенца со вода треба да испиете во текот на целиот ден. Пример, ако во вашето шише собира половина литар вода, целта нека ви биде да испиете барем 3 шишенца во текот на целиот ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар