Пијани гумени бонбони
За љубителите на гумени бонбони, ова е вистински деликатес!
Потребно:
- едно пакетче гумени бонбони (најдобри се оние во вид на црви и мечиња, без шеќер на нив)
- 200 мл вотка
Подготовка:
Во стаклен сад ставете ги гумените бонбони и прелијте ги со вотката. Бонбоните треба да пливаат во вотката и да бидат покриени со неа. Садот ставете го во фрижидер да стои два до три дена. За тоа време, гумените бонбони ќе ја впијат вотката и ќе набабрат.
Течноста што ќе остане во садот фрлете ја и пијаните гумени бонбони се готови.
Бонбоните можете да ги опијаните со секој алкохолен пијалак по ваша желба.
Забелешка: Не оставајте ги бонбоните да стојат во алкохол повеќе денови, бидејќи ќе се распаднат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
јако јако јакооо
ова за на журка е ептен јако да се направи 😀
“Течноста што ќе остане во садот фрлете ја и пијаните гумени бонбони се готови.”???????
Нема шанси! Кај нас у фамилија нишо не се фрла.
Супер е постов, ама воткава не ја џиткам… грев ќе ме фати… ќе ја испијам после…па што сака нека биде!
😀 😀 😀
uffffffff sakaaaammmmmm!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! poubavo nemoze da bide! <3 zatoa ve sakam be kafe pazuna najjaki ste!!! pozdrav!
Ova e grozno. OD ISKUSTVO ZBORAM! Go probavme ednas. 😀
Мајка ми си ги направи пијаниве бонбони и си ги м’цка ја гледам 🙂 Јас планирам вечер со мене во град да си ги понесам, да го изненадам друштвото 🙂
hahahaha jako 😀
jako jako hahahaha 😀 😀 😀 😀 😀