Пијалак од лековита медитеранска билка што скоро инстантно го израмнува стомакот

Пијалак од лековита медитеранска билка што скоро инстантно го израмнува стомакот

Рузмаринот одлично се согласува со медитеранските оброци, но од оваа билка може да се направи и вкусна напивка што го поттикнува метаболизмот и ги топи масните наслаги

Пијалак од лековита медитеранска билка што скоро инстантно го израмнува стомакот

Потребни состојки:
  • 2 чајни лажички сушен рузмарин
  • 300 милилитри врела вода
  • 1 грејпфрут
Начин на подготовка:

Потопете го сушениот рузмарин во врелата вода и оставете го отстои во неа околу 5 минути. Наједноставно е ако го ставите во филтер за чај. Потоа исцедете ја водата, па добро измијте го грејпфрутот. Исцедете сок од половина грејпфрут и помешајте го со чајот од рузмарин, а другата половина исечкајте ја на парчиња и така додајте ја во напивката. На здравје!

Зошто да го одберете токму овој рецепт?

Рузмаринот е лековита медитеранска билка со антибактериски, антивоспалителни и антисептички дејства. Тој е одличен извор на витамините А, Б, Ц, Д, Е и К и има позитивно влијание на целиот организам, особено на здравјето на мозокот, црниот дроб и срцето. Да не заборавиме и на својата моќ да го забрза метаболизмот и да го израмни стомакот!

Погледнете ги и овие 10 видови храна за рамен стомак!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар