Пијалак од 3 состојки со кој ќе ги ублажите симптомите на менопаузата
На жените во менопауза неретко им е потребна помош за да го пребродат овој период од нивниот живот. Овој природен пијалак од само три состојки може да ги ублажи симптомите на менопауза.
Во овој период не смеете да си дозволите да дехидрирате, во спротивно може да се појават проблеми како висок крвен притисок и холестерол, но и дебелеење и дијабетес тип 2.
Добро е пиете 2 чаши вода наутро, на празен стомак, 2 чаши пред јадење и 2 чаши навечер. Доколку сакате да додадете вкус, можете да го пробате овој пијалак од куркума, ѓумбир и мед од кој има неколку придобивки.
Куркума
Куркумата може да го намали ризикот од болести на срцето. Таа го спречува згрутчувањето на крвта, го регулира крвниот притисок и е добра за мозокот. Истражување од 2014-та година покажало дека куркумата може да го зголеми растот на нервни клетки за дури 80%. Експертите ја препорачуваат куркумата за пациентите со Алцхајмерова болест, како и за оние кои доживеале мозочен удар.
Ѓумбир
Ѓумбирот има силни антивоспалителни и антиоксидансни својства. Тој е одличен за лекувањето на срцето и намалување на холестеролот. Ѓумбирот може да го подобри и помнењето, фокусирањето, спиењето и слично.
Мед
Медот го подобрува здравјето на мозокот, особено кај жените во менопауза. Благодарение на антиоксидансите во медот, тој може да го спречи оштетувањето на клетките.
Како да го направите пијалакот?
Потребни состојки:
- 230 милилитри + 700 милилитри вода
- 4 лажици куркума
- 4 лажици ѓумбир во прав
- Прстофат бибер
- 30 грама мед
Начин на подготовка
Во мал сад ставете ги ѓумбирот, куркумата и црниот бибер. Прелијте ги со една чаша вода. Варете ја смесата неколку минути, а потоа тргнете ја од ринглата. Кога течноста малку ќе се излади, додајте го медот и оставете да отстои уште еден час.
Можете да го оставите пијалакот и преку ноќ. Потоа прецедете ја смесата со помош на газа. На добиениот пијалак додајте уште 700 милилитри вода. Потоа чувајте го во фрижидер и испијте го во текот на неколку денови.
Погледнете и како да ги ублажите неподносливите симптоми на менопаузата.