Петок како неработен ден: Компанија овозможила тридневен викенд и тоа што се случило било неверојатно
Не е прв пат да се спомене идејата за петоците да бидат неработни денови. Како што се зголемува конкуренцијата, така компаниите треба на своите вработени да им овозможуваат подобри услови за работа и да настојуваат да ги направат доволно среќни за тие да сакаат да ги задржат своите работни места. Некои од поголемите компании во светот на своите вработени им нудат бесплатни членства во одредени тимски игри, бесплатни часови и слично. Ако подетално се испитува рамнотежата помеѓу задоволството и работата, осумчасовното работење од понеделник до петок не е најдобриот случај. Според статијата „Им дадовме слободни платени петоци на нашите вработени и сега имаме одличен тим“, доколку имаме уште еден ден во неделата за да ги правиме работите во кои уживаме, придобивките на работното место се многу поголеми.
Па, што поточно се придобивките кои ги нуди тридневниот викенд? Што ќе постигне една компанија кога ќе ја воведе оваа одлука?
Во денешно време балансирањето на работата и личниот живот се чини потешко од кога и да е. Понекогаш одредени бенефиции за вработените не може да бидат толку мотивирачки, но уште еден слободен ден во неделата се чини како одлична идеја. Всушност, една компанија им дала на вработените слободен и платен петок два пати во месецот, именувајќи го како „18-дневен работен месец“ сметајќи дека ова е продуктивен начин да ги мотивира своите вработени. Објаснувањето за оваа идеја е дека луѓето го користат својот максимум кога не се премногу под стрес со напорна работа. Наместо тоа, останатите 4 дена тие ќе работат попродуктивно и повнимателно, а во тридневниот викенд ќе имаат доволно време за својот личен живот, па ова ќе доведе до посреќни вработени.
Од една страна компаниите стравуваат за воведување на оваа идеја зашто вкупно се посветени помалку часови на работата, но, од друга страна пак, тие сфаќаат дека подобри резултати ќе се остварат кога ќе се грижат за својот персонал, зашто така и вработените за возврат би се грижеле за нив. Па, за овој начин на работење може да се каже дека е многу ефикасен. На пример, доколку една компанија сака професионални и продуктивни вработени, таа ќе бара луѓе кои веќе имаат напредно искуство во својата кариера. Овие луѓе вообичаено посакуваат поголема рамнотежа помеѓу нивната кариера и личниот живот, при што повеќе ќе го ценат нивното слободно време, па затоа ќе бидат привлечени од четирите работни денови и за тоа време ќе се трудат да го дадат најдоброто од себе. Ова секако ќе ги намали трошоците за обука кои би ги имале почетниците.
Значи, доколку една компанија сака да ги има најдобрите вработени, таа треба да ги третира добро и да им овозможи повеќе бенефиции отколку што тие очекуваат. Овој начин на работење носи корист и за двете страни: Компанијата добива професионални и продуктивни вработени, а работникот од друга страна има време и простор за надградување на својот личен живот. Па, можеби е време и другите компании посериозно да ја сфатат оваа идеја!