Пет чекори до безболно породување

Пет чекори до безболно породување

Породување без болки? Да, и тоа е можно! Важно е само добро да се подготвите.

Денес, за повеќето жени, без разлика дали веќе родиле или за првпат треба да го доживеат тоа уникатно искуство, прва асоцијација за породувањето им е болката.

Еве пет клучни работи како да ја надминете болката и да го направите породувањето безболно:

1. Верба

За почеток, треба да верувате дека породувањето ќе биде безболно, па така вашиот мозок ќе биде ослободен од страв. Позитивниот став е најдобриот и најбезбедниот облик на анестезија.

2. Активен став на бремената жена

Бремените жени мора да бидат максимално концентрирани и ангажирани во секој сегмент од породувањето. Всушност, ова активирање треба да стапи на сила уште на самиот почеток од бременоста. Пожелно е дури и тогаш, секоја идна мајка да започне психофизички да се подготвува за породувањето. Меѓутоа, кога ќе започне породувањето, тогаш нејзиното активирање мора да биде на највисоко можно ниво. Ако е доволно сконцентрирана, родилката ќе може да ја контролира ситуацијата, да дише правилно и да се релаксира.

Жените не смеат да мислат дека безболното раѓање може да се оствари самото од себе, без нивен ангажман. Колку е повклучена и поконцентрирана родилката, толку е помала веројатноста болните стимулации да стигнат до нејзината свест. Активниот став на бремената жена подразбира и физичка активност, во форма на секојдневни прошетки со умерен интензитет, како и пилатес вежби и јога – што исто така значително влијае на квалитетот на бременоста, здравјето на мајката и бебето, а докажано е дека на тој начин и породувањето е значително полесно.

3. Дишење

Примарната цел на дишењето е размената на гасови во организмот. Во бременоста, потребата за кислород расте, така што дишењето е од особено значење во оваа состојба. Ако матката не е снабдена со доволно кислород за време на породувањето, се произведува млечна киселина и се појавуваат грчеви, кои не се природна контракција на матката. Меѓутоа, кога ќе се појави болка, родилката почнува да се грчи и да дише неправилно, што уште повеќе го потенцира недостатокот на кислород во матката. Тогаш болките стануваат уште поинтензивни.

4. Релаксација

Релаксацијата подразбира постигнување на целосно опуштање на сите мускули во телото, за да се намали ирационалната потрошувачка на кислородот. Всушност, целта на релаксација е за време на породувањето максимално да се снабдат со кислород мускулите вклучени во породувањето, за сметка на мускулите чија работа не е неопходна тогаш. Тие вежби, како вежбите за дишење, денес се учат во училиштата за бременост. Жените кои не ја совладале оваа техника за време на контракциите ги стискаат тупаниците, ја грчат вилицата, се превртуваат по креветот… И токму затоа, внесениот кислород започнува да се троши на мускулите чија работа не е неопходна при породувањето.

5. Исхрана

Исхраната е еден од најважните предуслови, како за здрава и лесна бременост, така и за лесно породување и здраво бебе. Погрешно е мислењето дека жената треба да јаде за двајца за време на бременоста. Точно е дека оброците треба да бидат малку пообилни од вообичаеното, но квалитетот на тие оброци е многу поважен. Правилната исхрана е клучна за развојот на бебето и одржување на нормалната телесна тежина на бремената жена, но и за спречување на дигестивни проблеми – како опстипација (запек), хемороиди, киселини во желудникот и мачнини. Статистичките податоци покажуваат дека жените со помала телесна тежина многу полесно и побрзо се породуваат.

Доколку сакате може да дознаете и што е тоа хипнопородување, методот кој ѝ овозможи на Кејт Мидлтон да застане на нозе веднаш по породувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар