Песна за среќните врски: Дајте го своето срце, но не како предмет

Песна за среќните врски: Дајте го своето срце, но не како предмет

Халил Гибран е артист, поет и писател чие најпознато дело е „Пророкот“. Тој е третиот најпродаван поет после Шекспир и Лао-це, а неговата популарност се должи токму на успехот на ова негово исконско дело кое и до ден денес се печати. Како автор проповедал сеопшта почит, а најчесто пишувал за духовноста и љубовта. Во тој контекст, прочитајте ја неговата песна која ја крие тајната за среќните љубовни врски и бракови.

Песна за среќните врски: Дајте го своето срце, но не како предмет

Се раѓате заедно и секогаш ќе бидете заедно.

Ќе бидете заедно и тогаш кога белите крилја на смртта ќе ги размавнат вашите денови.

Да, ќе бидете заедно и во тивкото Божјо сеќавање.

 

Нека има простор во вашата заедница,

нека играат небеските ветрови меѓу вас.

 

Љубете се еден со друг, но не правете преголема поврзаност со љубовта,

нека има разбранувано море помеѓу крајбрежјата на вашите души.

 

Еден со друг налејте си чаша, но не пијте од истата.

Дајте си го лебот еден на друг, но не јадете од истото парче.

 

Пејте и танцувајте заедно и радувајте се,

но секој од вас нека биде и сам,

како што жиците на гитарата се сами, иако одѕвонуваат на истата музика.

 

Дајте си го еден на друг своето срце, но не како предмет,

бидејќи само раката на животот може да го држи вашето срце.

 

И стојте заедно, но не преблиску.

Бидејќи, столбовите на храмот стојат одвоено,

а дабот и чемпресот не растат во сенката на другиот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар