Перници под нозете за подобар сон

Перници под нозете за подобар сон

За да се разбудите наутро одморени и спремни за дневните обврски и напор, освен тоа колку спиете, многу е важно и како спиете. Количината од седум до осум часa на ден е исто толку важна како и квалитетот на спиењето, па затоа спалната соба треба да биде прибежиште за одмор. Бојата на спалната соба е важна, и таа, освен бела може да биде светло сина, виолетова, зелена или некоја друга боја која вас ве смирува. Пожелно е да нема телевизор таму каде што спиете, бидејќи тој дополнително го оптоварува мозокот.Перници под нозете за подобар сонМузиката исто така може да ви помогне да се релаксирате и полесно да заспиете. Ако сакате да слушате радио можете да ја вклучите омилената станица, или ако имате паметен телефон, од интернет да си одберете музика која најбргу ќе ве однесе во царството на соништата.

Осветлувањето во спалната соба е уште еден важен фактор за добар сон. Ноќните и подните ламби со придушено светло и топол отсјај, собата ќе ја претворат во вистинска оаза за одмор и добар сон. Пред да си легнете, наместете една до две перници кај долниот дел од нозете и тоа без разлика дали спиете на грб или на стомак. На тој начин ќе ја подобрите циркулацијата и ќе ги олабавите мускулите во долниот дел од грбот, па и полесно ќе заспиете. Ако наутро се будите со грчеви или со вкочанет врат, тоа веројатно е бидејќи  душекот и перницата ви се премногу меки или премногу тврди.

Убавото утринското протегнување како мачка, не само што ви го  раздвижува телото, туку ја подобрува и циркулацијата,а го забрзува и расонувањето, па веќе сте спремни за новиот ден.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Uuu fala vi sa statijava 🙂

  2. А. Стоименов Reply

    Вреди да се обидам. До сеа секој ваш совет е супер. Продолжете така 🙂

Остави коментар