Печени енергетски плочки со јаболка и овес

Печени енергетски плочки со јаболка и овес

Одлични за појадок или за ужина

Печени енергетски плочки со јаболка и овес

Потребни состојки:
Суви:
  • 200 грама интегрално брашно
  • 110 грама овесни снегулки
  • 40 грама ореви
  • 30 грама мелено ленено семе
  • 40 грама суво грозје
  • 100 грама кафеав шеќер
  • 1 лажица цимет
Влажни:
  • 2 исечкани јаболка
  • пире од 2 јаболка
  • 250 мл млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во еден сад измешајте ги сувите (искористете околу 80 грама од овесните снегулки), а во друг влажните состојки. Потоа измешајте ги заедно двете смеси и истурете ги во сад за печење. Попрскајте одозгора уште малку овесни снегулки за штанглите да изгледаат поубаво. Печете околу 30 минути. Проверувајте со виљушка дали се готови и исечете ги на плочки кога ќе се испечат.

Печени енергетски плочки со јаболка и овесpecheni-energetski-plochki-so-jabolka-i-oves-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар