Печена тиква: Вкусен рецепт за есенските денови

Печена тиква: Вкусен рецепт за есенските денови

Штета е да не ја искористите кралицата на есента како вид десерт, а еден од наједноставните начини за подготовка на тиквата е нејзино печење во рерна. Всушност, ова е рецепт за кој ви е потребно само малку време. Самите вие можете да го одредите вкусот, односно да се одлучите за блага или солена варијанта. Ѓумбир, лук или лута пиперка одлично одговараат за солениот вкус на тиквата, додека пак нејзините идеални додатоци во слатка варијанта се цимет, јаворов сируп, ванила и рум.

Печена тиква: Вкусен рецепт за есенските денови

Потребни состојки:
  • Половина тиква
  • Маслиново масло
  • Зачини по желба, во зависност од тоа дали сте се одлучиле за слатка или солена варијанта
Начин на подготовка:

1. Пресечете ја тиквата на половина и исчистете ги семките. На надворешната страна со нож направете мали вдлабнатини со растојание од два и пол сантиметри и потоа сечете парче по парче. Важно е тие да бидат со иста дебелина, со цел да се испечат рамномерно.

2. Парчињата поставете ги во подмачкан сад за печење, потоа ставете им маслиново масло и добро измешајте. На секое парче ставете од зачините кои сте ги одбрале. За солената варијанта самите можете да подготвите мешавина од лук, малку ѓумбир, пиперка и сол што е доволно да ги ставите на надворешната страна на исечената тиква.

3. Подготвената тиква печете ја во рерна на 180°C околу 45 минути, а служете ја топла.

Погледнете го видеото за подетално да ги видите инструкциите.

Добар апетит!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар