Претходно
Пченкарен леб: Најгуглан рецепт за 2020 година, а еве како да го направите и вие!
Интересен е списокот со најпопуларните јадења на интернет-пребарувачите во 2020 година. За една година обележана со земјотреси, пандемии, социјално растојание и во која поминувавме многу време дома, се чини дека најинтересно ни беа добро познатите јадења како пица, лазања, ќофтиња, мусака, леб и палачинки.
На списокот се наоѓа и кафето Далгона по кое полудевме сите во првиот дел од годината, но овој рецепт за пченкарен леб е најгугланиот рецепт за 2020 година.
Потребни состојки:
- 300 г пченкарно брашно
- 240 милилитри зовриена вода
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка пченкарно масло
- 150 г пченично интегрално брашно
- лешници
Начин на подготовка:
- Турете ја зовриената вода во пченкарното брашно. Во друг сад измешајте ги солта, маслото и пченичното интегрално брашно и додајте ги во пченкарното брашно. Додајте вода и направете густа смеса.
- Истурете ја смесата во плех за печење и печете околу 30-40 минути во загреана рерна на 180 °С.
- Ако сакате, можете да додадете исечкани печени лешници во тестото пред печење.
Пробаjте го и овој рецепт за чоколаден пудинг без шеќер и брашно од кој ќе бидете сити половина ден.