Павлова торта: Брзински рецепт за најпопуларниот пролетен крцкав десерт

Павлова торта: Брзински рецепт за најпопуларниот пролетен крцкав десерт

Една од најпопуларните пролетни торти со која е поврзана приказната за руската балерина Ана Павлова

pavlova-torta-brzinski-recept-za-najpopularniot-proleten-krckav-desert-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 3 белки
  • 150 г шеќер
  • 2 кафени лажички пченкарно брашно
  • 1 кафена лажичка бел вински оцет
  • ½ кафена лажичка екстракт од ванила
  • 200 мл слатка павлака
  • 300 г свежи јагоди
Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 150 степени. Обложете тавче со мрсна хартија за печење, на која со помош на средна чинија ќе нацртате круг. Таа ќе ви послужи како подлога за смесата од белки. Површината означена со кругот намачкајте ја со масло.

2. Во сад измешајте ¾ од шеќерот и пченкарното брашно додека не добиете мазна смеса.

3. Во друг сад матете ги трите белки околу 2-3 минути (јајцата претходно треба да стојат на собна температура). Потоа во три наврати додавајте од смеата со шеќерот, притоа по секое додавање матете сѐ додека не се растопи шеќерот.

4. Во смесата додадете го екстрактот од ванила и винскиот оцет и повторно матете додека не добиете цврста компактна емулзија.

5. Распоредете ја смесата во внатрешноста на нацртаниот круг служејќи се со лажица или со шпатула. Направете блага вдлабнатина на средината.

6. Температурата намалете ја на 140 и печете 1 час. Потоа отворете ја рерната до пола и оставете ја така уште 10-15 минути. Откако ќе отстои во подотворена рерна, извадете ја и оставете ја да се олади.

7. Додека се лади кората, подгответе ја слатката павлака и потоа намачкајте ја одозгора, а врз неа наредете ги јагодите, кои по желба може да бидат сечкани или цели. За освежителен вкус, врз јагодите може да ставите неколку ливчиња свежо нане.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар