Го завршивте образованието? Време е за вистинскиот свет!

Патот до успехот е поплочен со предизвици. Еве што да правите во деновите по завршување на образованието!

Целиот живот го поминуваме учејќи и спремајќи се за „вистинскиот свет“. Ги учиме предметите кои мислиме дека ќе ни го донесат потребното образование во посакуваното поле, волонтираме и стажираме на разни места кои сметаме дека ќе ни го отворат патот кон вистинската работа, но сепак, патот до успехот е поплочен со многу предизвици кои допрва следат, а и прашања кои некогаш имаат моќ да си поиграат со нашите глави. Сега, кога средното и високото образование се веќе дел од вашето минато, време е да се подготвите за вашата вистинска идна професија.

0-patot-do-uspehot-e-poplochen-so-predizvici-eve-shto-da-pravite-vo-denovite-po-zavrshuvanje-na-obrazovanieto-kafepauza.mk

1. Бидете свесни за вашата реакција на промени

Не секој човек реагира исто на промени. Ако порано сте потпаѓале под влијание на храна, шопинг или дрога, тогаш веројатно исто ќе биде и сега. Иако тешко е да се одвикнеме од старите навики, сепак можеме да се одвикнеме. Ако во минатото сте чувствувале нервоза или анксиозност, а избегнувањето и одбивањето да донесете одлука сте ги користеле како метод на справување со стравот, тогаш градењето на кариерата може да ви биде малку отежнато. Справувањето со емоциите и стравовите е навистина голем предизвик, а кога ќе успеете да го надминете овој проблем, тогаш ќе сте чекор поблиску до патот на кој би сакале да се најдете.

2. Направете нешто

Мислевте дека заминувањето на факултет е најтешката одлука. Искрено, најтешкото допрва следува. Целта во годините после факултет е да пробате – иако не сакате да заглавите на работна позиција која за брзо ќе време ќе ја замразите, сепак пробајте затоа што така сте чекор поблиску до вистинската кариера за вас. Ако се одлучите да ја прифатите таа работа и ја замразите, барем знаете дека таквите типови професии не се наменети за вас и можете подобро да се фокусирате на останатите полиња. Наместо да размислувате како тоа да е пораз, направете секој неуспех и успех да ве обликуваат како личност и да ве туркаат кон вистинската кариера.

3. Аплицирајте на работни места за кои не сте квалификувани

Многу луѓе аплицираат само на работни места за кои се сигурни дека ги имаат потребните квалификации, со надеж дека ќе ги зголемат шансите да пронајдат работа. Ова дефинитивно има смисла, но единствениот проблем е што ако не ви се допаѓа работата за која ги имате потребните квалификации, така ги зголемувате шансите да заглавите со работа која ве прави несреќни. Ова доведува до омраза кон работата, а постојат навистина малку работи кои се полоши од одењето секој ден на работа која ја мразите.

1-patot-do-uspehot-e-poplochen-so-predizvici-eve-shto-da-pravite-vo-denovite-po-zavrshuvanje-na-obrazovanieto-kafepauza.mk

Еден начин да го спречите ова е да аплицирате за работни места кои ги посакувате, иако можеби ги немате потребните квалификации. Ова можеби изгледа чудно, но усогласувањето на вашите дејствија со вашите желби е моќен начин да го промените теркот на вашата кариера. Сепак, не застанувајте таму – создадете добар план кој ќе ви ги донесе потребните вештини кои сметате дека ви се потребни за да ја добиете работата која ја посакувате. Секој пат кога ќе ги проширите вашите вештини, пополнувајте го и вашето резиме за да се вклопи со барањата на работната позиција која ја посакувате. Ова ќе ви ја донесе работата од соништата и можноста да бидете во пријатна работна околина каде што сметате дека вашиот креативен потенцијал ќе може да биде искористен.

4. Не се обвинувајте за нешто што не сте го знаеле

Значи, се обидовте со советот „направи нешто“и сега чувствувате дека сте заглавени во работа која не ја сакате и не можете да избегате од неа поради финансиски или други причини. Ако не внимавате може да ја замразите работата и најстрашното нешто од што секој млад човек се плаши – залудно да ги потрошите вашите најдобри години кои можат да се искористат за поголема, поисполнувачка цел.

Избегнувајте да се обвинувате за време на ваквите моменти. Ја прифативте работата затоа што сметавте дека тоа е најдобрата одлука врз база на информациите кои ги имавте. Сега, фокусирајте се да научите што е можно повеќе од тоа каде што сте во моментов. Размислувајте на начин дека таа работа може да ви ја донесе работата од соништата и да ве насочи кон совршената кариера за вас. На крај, смислете план како да се ослободите од работата која ја мразите и имплементирајте го тој план.

5. Истражувајте ги социјалните средини

Кога ќе се навикнеме на одредена работна средина стануваме дел од неа, а како и во секоја средина, на нас влијаат луѓето во неа. Можно е да чувствувате дека сакате нешто само затоа што другите тоа го прават, а тоа ве турка и вас кон таква одлука. Наеднаш мислите дека го сакате истото што и тие луѓе, па кога веќе ќе стигнете до таа цел сфаќате дека таа воопшто не ве исполнува. Затоа, барајте луѓе кои прават креативни нешта, но сепак се дел од нешто што и вие дефинитивно би го сакале. Истражувајте – за да не заглавите во една средина.

6. Побарајте помош

Ако чувствувате дека заглавивте и не можете да ја пронајдете совршената кариера со која ќе се гордеете, можно е да се во прашање вашите емоционални проблеми кои влијаат врз можноста да развиете здрав и правилен работен идентитет. Неразрешените, комплексни емоционални проблеми можат да ви го отежнат справувањето со проблемите со кариерата. Побарајте помош од успешни луѓе кои знаете дека поминале низ тежок период или која било друга личноста која може да ви ги разјасни вашите кариеристички аспирации и да ги подобри вашите способности за носење одлуки и решавање проблеми. Тоа е најлесниот пат до кариера која ќе ја сакате и ќе ве исполнува.

2-patot-do-uspehot-e-poplochen-so-predizvici-eve-shto-da-pravite-vo-denovite-po-zavrshuvanje-na-obrazovanieto-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар