Патнику

Патнику

Автор: Виолета Станојковска
(поднесено преку „Предложи содржина“)

ПатникуЕј ти, патнику, надалеку што одиш
знам не можеш со себе да ме водиш
во заборав, каде го нема тој лик,
каде ќе излечам срце за миг,
каде таа насмевка нема да ме пече,
тој поглед длабок нема да ме сече..
Но јас копнеам за слобода од оваа мака
и те преколнувам… подај ми рака…
Понеси го со себе срцето мое бедно,
веќе не може да љуби, не е вредно.
Земи ја душава, носи ја со себе,
таа страдаше долго време,
зашто лажната надеж ù даваше знак
и одеднаш западна в мрак.
Стави ги и спомените во куферот твој.
Драг патнику, спасител си мој!
Јас пропаѓам, болката тежи
во утробата на мојот живот лежи
од мигот кога тој ми стана сè.
Патнику, па земи ја и болката, носи сè од тука
љубов во ова тело веќе не ќе чука.
Нек изгрее нов живот без љубов – чувство врело,
нов живот за мене, без срце, душа и тело.

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.

———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. nena Reply

    Убаво напишано,секој еден може да се пронајде во содржината.

Остави коментар