Патиките со врвки повеќе не се во мода?

Патиките со врвки повеќе не се во мода?

Женствената верзија на класичните, спортски патики се секако моделите кои се таканаречени патики на навлекување. Овие патики не само што се удобни и лесни, туку повеќе потсетуваат на еспадрили и чевли, отколку на спортска облека во која спаѓаат добро препознатливите патики за трчање. Ако сакате да ги одморите нозете од постојаното носење високи потпетици, тогаш овие обувки се вистинскиот избор за вас. Патиките на навлекување се апсолутен хит за оваа пролет и воопшто нема да погрешите ако ги облечете заедно со фустан, здолниште, па дури со сако и пантолони.

4-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_

За нив слободно можеме да кажеме дека стануваат составен дел од работниот изглед на една млада, модерна жена. Па, доколку се запрашувате со која облека е најдобро да ги комбинирате овие патики, еден од одговорите е со спортски фустан во црна или бела боја. Наместо класични патики, одлучете се заедно со спортскиот фустан да облечете патики на навлекување, бидејќи тие, без никаков сомнеж, ќе направат автоматски да изгледате женствено и елегантно. Моделите во шарени бои или животински дезени ќе ѝ дадат живост на еднобојната комбинација.

1-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_

2-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_

Црните патики на навлекување совршено ќе изгледаат со бели пантолони и светли фармерки. Сепак, за работен изглед белите пантолони се подобар избор, а времето е сè потопло, па ова е одлична прилика да им кажете збогум на фармерките. Барем до следната есен. Патиките на навлекување се одлична алтернатива за чевлите и чизмите, па дури и за балетанките, ако вашата работа бара долго стоење на нозе, па со самото тоа тетивите и зглобовите се доста оптоварени. Ова удобно парче обувки ќе ве натера да заборавите на болните и отечени стапала, а истовремено ќе изгледате софистицирано како вистинска бизнис жена.

3-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_

Оваа врста обувки има широка примена, па слободно можете да ги носете со кожна јакна, која е најдоброто парче облека за премин во новата сезона. Особено наутро кога температурите сè уште се ниски и дува ветар. Патиките на навлекување не се премногу елегантни и всушност изгледаат многу лежерно, односно лесно се комбинираат со облеката која е направена од кожа. Секако, со фармерки и тексас тие се непогрешлив избор.

5-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_

Добро е да се спомне дека девојките не можат да одолеат, а да не ги облечат овие патики со здолниште или фустан. Како што напомнавме, овие обувки се лесни и удобни, не стегаат и во нив ногата не се поти, па затоа е логично да се комбинираат со пролетна облека во весели бои. Зошто да не, изберете патики на навлекување во некоја пастелна боја и во истиот момент освежете го вашиот изглед. Со нив дефинитивно нема да погрешите доколку се спремате за прошетка или за излегување со пријателите.

6-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_

Всушност кога сте во брзање и треба без размислување да одберете што ќе облечете, обично поголемиот дел од луѓето се одлучуваат за црно од глава до пети, а секако се пожелни обувки кои гарантираат удобност. Па затоа, вашиот избор за денес нека бидат црни патики на навлекување кои одговараат со секоја гардероба, а не ја нарушуваат елеганцијата и префинетоста.

7-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар