Патека за бегство: Едноставна психолошка техника за ослободување од стресот

Патека за бегство: Едноставна психолошка техника за ослободување од стресот

Кога сме изложени на стресни ситуации ни опаѓа продуктивноста, нè мачат несоници, дишеме забрзано и плитко и се чувствуваме непријатно во сопствената кожа. Една техника којашто може да ви помогне успешно да се справите со секојдневните ситуации е наречена „Патека за бегство“. Овој метод на ослободување и релаксирање го препорачуваат и објаснуваат психологот Џесами Хиберд и новинарката Џо Асмар во книгата „Смиреност – како да ја постигнете“. Станува збор за техника која всушност е одличен начин да создадете свое место во кое што ќе се заштитите од стресот.

(1) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположение

Бори се или бегај е автоматска примитивна реакција на стресот. Кога ќе научите да го сведете нејзиното дејство на минимум, ќе бидете посмирени“, велат д-р Биберд и Асмар.

Основната замисла на оваа техника е во мислите да си создадете место кое ве релаксира. Како да го сторите тоа? Опуштете се и обидете се да го визуализирате секој предмет и објект. Почувствувајте ги мирисите, уживајте во боите коишто ве опкружуваат, допирајте, слушајте. Можеби на почетокот нема да ви биде едноставно, но со малку труд, повторувања и повикување на сеќавањата, ќе можете со леснотија да се пренесете во својата оаза на позитивно расположение и смиреност.

За да дојдете полесно до спокојното место преку вашата патека за бегство, обидете се да ги опуштите мускулите во оној дел од телото каде што чувствувате напнатост. Секогаш со вас носете некој мирис којшто ве потсетува на убави моменти од минатото и којшто ќе ви разбуди прекрасни сеќавања. Но тоа не мора да биде мирис, може да најдете одреден мал предмет, музика или вкус, што во вас ќе буди сигурност и ќе ве упатува на патеката за бегство до вашата оаза на мирот.

(2) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположение

Штом почувствувате непријатност, згрченост и вознемиреност, најдете мирно и тивко место, каде што ќе можете удобно да се сместите. Дишете длабоко, во подолги интервали, а со секое издишување замислете си дека ги исфрлате лошите мисли коишто го заземале вашиот ум и тело.

Замислете си дека одите по широка ливада или низ шума. Топло е, сонцето силно свети, а небото има совршено сина боја. Шетајќи наидувате на река, се доближувате до неа, а на нејзините брегови има високи дрвја чиишто сенки ја прошаруваат земјата. Седнувате на брегот и ги ставате нозете во ладната вода која мирно тече. Потоа легнувате на тревата и длабоко го вдишувате чистиот воздух. Го слушате жуборкањето на реката и ја чувствувате свежината којашто извира од нејзината вода. Меките и бели облаци, кои наликуваат на перничиња, го прошаруваат синилото на небото над вашата глава. Го чувствувате измешаниот мирис на земјата и на тревата врз коишто лежите. Никогаш не сте биле толку релаксирани и смирени. Длабоко дишете и издишете. Одмарајте колку што сакате, сето време е ваше. Кога ќе се почувствувате подготвени, полека свртете го вниманието кон собата или кон отвореното место каде што медитиравте“ – извадок од книгата „Смиреност – како да ja постигне“.

Пронајдете го својот начин на опуштање, исфрлете ги рамената со цел да го почувствувате автоматското намалување на телото и тргнете во вашата сопствена патека за бегство…

(3) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположение


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар