Парчиња облека што се задолжителни за ова лето
Модната блогерка Ана Беј открива кои седум парчиња облека треба да ги има секоја жена ова лето. Според неа, не треба да носите високи потпетици во текот на денот, а бикините треба да ги замените со софистициран едноделен костими за капење. Во продолжение погледнете кои парчиња облека треба да ги имате ова лето ако сакате да изгледате модерно.
1. Лесен блејзер за летните вечери
View this post on Instagram
Првото парче облека што задолжително треба да го имате е лесен блејзер за ладните летни вечери. Блејзерот ќе ве затопли, а истовремено ќе изгледате елегантно и софистицирано. Џемперите во никој случај не се добар избор затоа што нема да изгледате елегантно во нив.
Блејзерот нема да ја уништи вашата комбинација, туку може само да ја подобри. Таа препорачува да изберете најмалку два блејзери во различни бои: бела, беж или светлорозова, но во никој случај не треба да изберете црна боја.
2. Долг бел фустан
View this post on Instagram
Овие летни фустани изгледаат многу романтично и женствено. Тие се совршен избор за летото затоа што може да се носат во текот на денот и навечер и секогаш изгледаат добро.
3. Обувки на плута наместо потпетици
View this post on Instagram
Вистинските дами знаат дека не се носат високи потпетици во текот на денот. Можете да ги носите во вечерните часови ако се комбинираат со остатокот од облеката, но треба да ги избегнувате во текот на денот.
4. Бела ленена кошула за на плажа
View this post on Instagram
Иако обично Ана не препорачува ткаенини на кои лесно се прават набори, ленената кошула е исклучок од нејзиното правило.
Тие се модерни, а ленот е една од оние ткаенини што не изгледа евтино затоа што има природни влакна.
5. Плетена чанта за на плажа
View this post on Instagram
Ниту едно лето не е комплетно без чантата за на плажа, а плетените чанти се најдобрата инвестиција ова лето.
6. Бели шорцеви
View this post on Instagram
Инвестирањето во бели шорцеви е задолжително ова лето бидејќи тие се најголемиот хит оваа сезона и во нив ќе изгледате многу елегантно.
Шорцевите се парче облека што може често да се носи, а ако постојано го менувате горното парче облека, никој нема да забележи ако ги носите четири или пет пати неделно додека сте на одмор.
7. Едноделен костим за капење
View this post on Instagram
Секоја жена треба да има барем еден едноделен костим за капење затоа што со него ќе можете да влезете во барови и во клубови каде што е забрането да седите во бикини. Покрај тоа, ќе изгледате многу поелегантно.
Погледнете кои бои на лакови за нокти треба да ги имате ова лето.