Панталони со висок струк – омилен модел за пролетната сезона

Панталони со висок струк – омилен модел за пролетната сезона

Оваа сезона панталоните со висок струк се омилен модел меѓу младите трендсетерки. Декорирани со еднобоен, впечатлив каиш, и комбинирани со патики и бела маичка, тие се идеален избор за класична дневна комбинација. Но, тоа не е сè. Заменете ги патиките со салонки и маичката со кошула, и ќе добиете незаборавна вечерна варијанта.

Панталоните се модна класика, па затоа и секоја жена треба да ги поседува. Но, ако сакате да ја истакнете вашата силуета на најдобар начин, тогаш одберете ги моделите со висок струк. Токму оваа нивна карактеристика е причината зошто тие стекнуваат сè поголема популарност.

Кога станува збор за дезените што се во тренд, можете да изберете едноставни и еднобојни модели или пругаст дезен за свечени прилики, како и впечатливи и силни комбинации на бои за секојдневна употреба во текот на пролетта.

Во зависност од приликите во кои ги носите, комбинирајте на кој било начин. Тие совршено одат и со вашата омилена маичка со принт, како и со свечената кошула со голи рамена, притоа давајќи ѝ женственост и елеганција на секоја модна комбинација.

Шорцеви со висок струк – совршено парче облека за жешките летни денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар