Панакота: Неверојатно вкусен десерт со освежителен овошен прелив
Италијански десерт од соништата
Потребни состојки (за 6 сервирања):
- 1 литар слатка павлака
- 80 грама шеќер во прав
- 2 лажички екстракт од ванила
- 5 до 7 листови желатин
- Овошје и овошен прелив по ваш избор
Начин на подготовка:
Загрејте ја слатката павлака и измешајте ја со шеќерот. Откако шеќерот ќе се стопи, тргнете го тенџерето од шпоретот и додајте го екстрактот од ванила. Потопете ги листовите желатин во студена вода и оставете ги така на кратко. Откако ќе се надујат, исцедете ја водата и измешајте ги во топлата смеса со слатката павлака.
Добро мешајте сè додека желатинот не се стопи. Сипете ја панакотата во неколку помали и еден поголем сад. Декорирајте со овошјето и овошниот прелив, а потоа оставете ги садовите во фрижидер неколку часа пред да ги послужите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.