Паметни совети за паметно купување: Како најдобро да ги искористите летните попусти?
Пред да се упатите кон шопинг центарот и да ги искористите сите погодности на летната распродажба, ви препорачуваме да ги прочитате овие шест правила за паметно купување.
Правило бр. 1 Не дозволувајте попустите да ве прелажат
Без разлика колку се цените примамливи, ништо не е евтино ако само зазема место во вашиот гардеробер. Замислете, едно британско истражување покажало дека купувачите не носат купена облека во вредност од 30 милијарди евра. Како фрлање пари!
Правило бр. 2 – Бидете мудар инвеститор
Сега веќе сигурно имате доволно облека за оваа сезона, па размислете што доаѓа следно. Што би можеле поволно да купите сега и да го носите во есен или во зима? Класично сако и панталони, квалитетна спортска облека… Сето тоа може да ви биде добра инвестиција, но, повторуваме, само доколку ви се допаѓа. И уште еднаш добро размислете што навистина ви е потребно.
Правило бр. 3 – Немојте да купувате нешто што не можете да го носите со нешто што веќе го имате
Ако купувате некоја облека и потоа повторно одите да купувате нешто што можете да го носите со тоа, најверојатно вашето купување нема да има толку поволна цена.
Правило бр 4 – Размислите дали во остатокот од годината ве очекуваат некои важни, гламурозни настани
Дали очекувате нечија венчавка, промоција, гламурозна забава… Летните намалувања се посебно добра прилика за купување посвечени фустани. Не само што ќе заштедите пари, туку и ќе ја избегнете паниката за купување во последен момент за некој важен настан.
Правило бр. 5 – Добро разгледајте ја облеката пред да ја купите и проценете го квалитетот
Ова сепак е облека која половина година лежела во некое складиште и големи се можностите да е оштетена или да има некои дамки што не може да се отстранат. Не трошете ги парите на ова.
Правило бр. 6 – Не купувајте облека што не ви е точна
Никогаш не купувајте го она што не ви одговара со намера дека ќе го однесете на поправка, или уште полошо, со намера дека ќе ослабете. Бидејќи најверојатно нема да пазите на исхраната, да вежбате или шивачката нема добро да ја заврши својата работа. Кога купувате на попуст, купувајте како да ја плаќате вистинската цена.
Но, доколку сакате да купувате и да ги обиколувате бутиците, тогаш ова се работи во кои ќе се препознае секоја девојка која обожава шопинг.