Озборувањето може да предизвика негативни последици на вашето тело
Многу луѓе во своето слободно време обожаваат да озборуваат, пронаоѓајќи некои интересни делови од животот на луѓето околу нив. Но, дали знаете дека тоа е штетно и за вас и за оние околу вас? Кога озборувате некого, вие сте во интеракција со вашето его. Бидете реални и признајте дека озборувате зашто што осудувате, а тогаш се чувствувате добро, макар и тоа да трае само неколку минути.
Не постои озборување за забава, туку сето тоа носи нешто негативно со себе. Вашите мисли, зборови и енергија содржат силни вибрации, па кога ќе почнете да зборувате за нечиј живот, кога ќе ги осудувате и ќе го давате вашето мислење, вие всушност испраќате еден облик на негативна енергија. Ова не само што ја намалува вашата енергија, туку со тоа предизвикувате и психичка штета на другата личност. Кога озборувате или зборувате нешто негативно за другите, вашите зборови создаваат токсична сила, а колку повеќе луѓе озборуваат и ги шират истите зборови, толку повеќе расте таа токсичност.
Сигурно и вие не сакате некој да ве озборува вам, па зошто би било во ред тоа да го правите за другите? Иако сите луѓе знаат дека не е добро да се зборува навредливо, сепак, озборувањето денес е толку распространето при што повеќето луѓе не се свесни дека тоа може да предизвика негативни последици и намалување на енергијата. Покрај секојдневието, и медиумите често знаат да бидат преполни со озборувања. На пример, некои списанија се трудат да профитираат од бедата и трагедијата на другите луѓе. Иако многу од тие приказни се делумно вистинити или пак се целосна лага, сепак, повеќето луѓе се вовлекуваат во сето тоа, разговараат со нивните најблиски и ги даваат своите пресуди.
Но, озборувањето ги открива несигурноста и проблемите на личноста. Во ајурведската медицина озборувањето влијае на соларниот плексус, место каде што се чуваат емоциите кои се однесуваат на контролата. Во тој краток момент во кој се задржуваат тие „ексклузивни“ информации, личноста има лажно чувство на моќ кое ѝ овозможува да ја почувствува контролата. Споделувањето на тие информации ја допира енергијата и предизвикува да се шири негативноста. Вашето его се храни со таа енергија и наскоро станува тешко да контролирате што и на кој зборувате. Тогаш тие информации се шират премногу брзо и може да уништат пријателства, љубовни врски, кариера, па дури и нечие здравје.
Озборувањето исто така може да ја блокира и срцевата чакра, со која се изразува љубовта и сочувството, а исто така и чакрата на грлото која е задолжена за комуникација. Пред сѐ, озборувањето ја блокира чакрата на третото око. Постојаното зборување за другите ве спречува да го пронајдете својот пат и го одвлекува вашето внимание далеку од вашите животи и сопствените проблеми. Иако нема ништо лошо во дискутирањето со проблемите или споделувањето информации со вашите пријатели, поразлично е кога зад сето тоа се крие намера која произлегува од егото.
Морате да запаметите дека секој има свој пат и го прави она што мисли дека е најдобро за него. Осудувањето на другите, озборувањето и ширењето лажни информации ја намалува вашата енергија и ве спречува да напредувате во вашиот живот. Така, наредниот пат кога ќе почнете да озборувате, застанете еден момент, помислете како звучат тие непријатни зборови и потсетете се дека секој има право да го живее својот живот.
Трудете се повеќе да ја употребувате оваа реченица, за да им ставите крај на сите озборувања еднаш засекогаш!