Овошјето и зеленчукот со црвена боја се вистински чувари на вашето здравје

Овошјето и зеленчукот со црвена боја се вистински чувари на вашето здравје

Можеби ќе се изненадите, но се покажало дека храната не се вреднува само по витамините што ги содржи, туку и по нејзината боја. Поради ова, дури и подобро осветлената кујна може да го промени вкусот на вообичаената храна.

Овошјето и зеленчукот со црвена боја се вистински чувари на вашето здравје

Причината е што сетилата за вкус работат заедно со сетилата за вид. Па, не е важен само вкусот, туку и бојата на храната. Консумирањето храна со одредена боја може да ви помогне да ги зачувате младост и здравјето долго време. Не залудно готвачите се обидуваат да ги украсат нивните оброци со разни бои и нијанси. Се покажало дека оваа разновидност од бои е важна за нашето здравје. Храната со светла боја наводно го зголемува апетитот, а храната со црвена боја е одлична за целокупното здравје.

Црвената боја ја лекува анемијата

Храната со црвена боја е одлична за слабокрвните луѓе, како и за оние на кои постојано им е студено. Доколку сте уморни, црвената храна ќе ви помогне да се вратите во нормала. Црвените овошје и зеленчук го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат варењето и го чистат организмот од токсини.

Црвената боја го штити срцето

Причината за ова е ликопенот кој се наоѓа во доматите и чили пиперките и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и рак на простата. Корисните својства на оваа храна не само што се остануваат после термичката преработка, туку можат и да се зголемат. Па додајте повеќе брусници, црвени сливи, малини и јагоди во вашата исхрана за да го почувствувате ефектот.

Црвената храна содржи и железо кое е потребно за формирање црвени крвни клетки и обезбедува енергија за клетките.

Црвената боја помага во позитивниот поглед на животот

Црвената храна може да ви го подобри погледот кон живот и да ве смири. Исто така таа е богата со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и помага во борбата против вирусните инфекции. Витаминот Ц има и благотворен ефект врз кожата.

Знаете ли која е врската помеѓу менталното здравје и начинот на исхрана?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар