Овој зачин ги „убива“ сите лоши бактерии во храната

Овој зачин ги „убива“ сите лоши бактерии во храната

Сечуанскот пипер е важен зачин на кинеската и индиската кујна и се користи за зачинување солени и слатки јадења. Освен што е малку лут, нема некоја друга поврзаност со класичниот пипер.

Овој зачин ги „убива“ сите лоши бактерии во храната

Се добива од два вида растенија од родот Зантоксилум, поради што има лесна цитрусна нота што може да се комбинира со печурки и мешунки, но и со егзотични десерти.

Во народната кинеска медицина, овој зачин со векови се користи како уништувач на лоши бактерии, па затоа бил особено популарен кај посиромашното население, кое понекогаш не можело да ги избира потеклото и свежината на храната.

Покрај тоа, лутите зачини се познати и како средства за чистење на цревата, кои чистат од несакани паразити. Најновите истражувања покажаа дека овој зачин е одличен за слабеење и за борба против целулитот.

Како да го користите?

За зачинување на храната се користат само лушпите, а сјајните црни зрна се фрлаат затоа што имаат горчлив вкус и текстура налик на песок што може да го уништи вкусот на храната.

Зачинот обично се додава на крајот на готвењето, а особено добро се комбинира со анасон и ѓумбир при подготовка на некои азиски десерти. Во комбинација со чили во прав, се добива моќна комбинација за зачинување на егзотични јадења.

Некои тврдат дека сечуанскиот пипер во устата предизвикува сензации слични на газирани пијалаци. По консумирањето, може да се забележат горење, пецкање и лесно „зуење“. Бидете претпазливи во дозирањето затоа што овој пипер има алкална pH-вредност, така што ако претерате со овој зачин, може да почувствувате пецкање и вкочанетост на усните.

Прочитајте кои намирници треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар