Овој рецепт стана хит на Интернет: Направете тестенини со фета и уживајте во неверојатниот вкус!

Овој рецепт стана хит на Интернет: Направете тестенини со фета и уживајте во неверојатниот вкус!

Голема е веројатноста дека пред неколку дена веќе сте забележале видео за подготовка на оброци со тестенини, фета сирење и чери домати. Станува збор за еден од оние трендови што се појавуваат на ТикТок буквално преку ноќ и за само неколку часа или денови го полудуваат целиот свет.

Истиот случај е со фета тестенините. Во финските продавници, дури и медиумите пишуваат дека тие останаа без залихи на фета сирење поради оваа нова лудост. Причината е секако едноставноста и брзината на подготовката, но и богатството на вкусот.

Потребни состојки:

  • тестенини по ваш избор
  • сирење фета
  • чери домати
  • маслиново масло
  • лук
  • босилек
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад што може да влезе во рерна, ставете ги чери доматите (на пример, едно пакување од 250 гр), прелијте ги со маслиново масло и зачинете ги со сол и бибер.
  2. Ослободете простор во средината на садот и ставете го фета сирењето. Посипете со маслиново масло и зачинете.
  3. Печете во рерна на 200 степени, околу 30 минути, иако најдобро ќе го процените потребното време тогаш кога фета сирењето ќе добие потемни рабови.
  4. Во исто време, гответе ги тестенините. Половина пакетче треба да биде доволно за двајца, но исто така можете да ја зголемите таа количина и да го прилагодите рецептот.
  5. Кога ќе се испечат доматите и сирењето, додајте во таа смеса до две чешниња лук и грст сечкан босилек. Фета сирењето изгмечете го со вилушка и измешајте го заедно со доматите, лукот и босилекот. На крајот, додајте ги тестенините и сè измешајте добро!

Прочитајте и за овој нов тренд на Инстаграм што веднаш ќе сакате да го пробате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар