Овие знаци во неговото однесување откриваат дали (и колку) му се допаѓате
Знаци дека тој дефинитивно не ве сака
1. Не ве третира како пријател.
2. Не е посветен да ве запознае подобро, да ги чуе вашите цели, вредности, стравови и начинот на којшто љубите.
3. Имате некое чувство дека постојано ве тестира дали сте доволно добри за неговиот вкус.
4. Вашата интуиција ви вели дека сте лесно заменливи во неговите очи. Тој брзо ве прифатил во неговиот живот, но ако утре исчезнете некаде, мислите дека тој ќе продолжи да си го живее животот исто како ништо да не се случило.
5. Сè што прави за „вас“, е во суштина за да го „пумпа“ сопственото его. Ве вика на патување, само за да има друштво или ви дава предлози за книги, филмови и ресторани само затоа што сака и вие да ги сакате истите нешта, а не зошто се грижи за вашето мислење.
6. Неговите проблеми се само негови, а вашите се само ваши. Тој во секоја ситуација се прави невин и никогаш не ви дава за право да го обвините или да се налутите за нешто.
7. Тој никогаш не е покрај вас кога ви е навистина потребен.
8. Тој е непостојан. Во еден момент ви шепоти слатки зборови на вашето уво, а потоа го нема никаде две седмици.
9. Кога ќе го прашате зошто му се допаѓате тој наведува површни работи, како на пример вашиот физички изглед, стил или работа.
10. Не ве вклучува во неговиот живот. Прави планови на долг рок, но само ве известува за нив ако сакате да го дружите таму каде што тој планира да биде, без да ве праша дали вие сакате да одите таму.
11. Не е заинтересиран да биде дел од вашиот живот. Со пола уста ве прашува каков ви бил денот, едвај се грижи за вашите внатрешни борби и многу ретко ги прославува вашите успеси.
Знаци дека вистински ве сака
На него сте му важни вие и вашата добросотојба, без разлика каква е нивната.
1. Тој е способен да ве сака вас, зошто првенствено се сака себеси. Луѓето коишто не се сакаат себеси може да бидат лажно несебични и дарежливи, но со тоа само ја маскираат нивната несигурност и потреба да ја изградат сопствената самодоверба, со тоа што ги прават другите луѓе да бидат емотивно зависни од нив.
2. Тој навистина ве сака, ако љубовта што ја чувствува е безусловна и не очекува од вас да му возвратите подеднакво, за сè што прави за вас. Давањето, без очекувања е дефиниција за вистинска љубов.
3. Тој навистина ве сака ако сака да ги открие сите ваши желби, потреби и вредности.
4. Тој ве сака ако е целосно посветен да ве запознае и разбере и скршнува од сопствените принципи за да ве направи среќна.
5. Тој ве сака, ако вие сте неговиот приоритет кога станува збор за посветување време и внимание кон вас.
6. Тој прави измени во неговиот живот, за вие да се вклопите во него. Луѓето коишто се сакаат себеси, си го сакаат и својот живот онаков каков што е, па ако почнува да прави отстапки поради вас, тоа е добар знак.
7. Не мора да го поминува сето слободно време само со вас и не мора секој ден да сте заедно. Дефинитивно не е ништо чудно ако вашата замисла за „доволно“ време поминато заедно е поголема од неговата. Она што е важно, е дека вие сте му приоритет во животот.
8. Тој навистина ве сака, ако е присутен додека е со вас. Кога сте заедно – заедно сте. Тој не се исклучува умствено, не ве прекинува додека му зборувате и не се обидува да ја смени темата. Неговиот ум е фокусиран на моментот.
9. Тој ве сака, доколку е комуникативен со вас. Тој користи зборови, а тоа е многу важно за вашата меѓусебна комуникација и понтамошен развој на односот.
10. Тој ви помага и го поддржува вашиот развој. Желен е да ве поддржи за сето она што ви е важно во животот.
11. Тој навистина ве сака ако го споделува целиот негов свет со вас, особено неговите планови за иднината.
12. Тој ве сака, ако сака да биде дел и од вашиот свет. Вашата болка е и негова болка, вашата среќа е и негова среќа, вашиот ден е и негов ден, вашите стремежи се и негови стремежи.
13. Тој вистински е заљубен во вас, ако навистина вложува енергија во вашиот и неговиот емоционален развој.
Прочитајте и што треба да знаете за безусловната љубов?