Овие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работите

Овие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работите

Живееме во свет каде негативните емоции се подоминантни во споредба со позитивните. Свет во кој ги проектираме нашите несигурности, љубомора, омраза кон другите луѓе и создаваме негативна средина. За возврат, оваа негативност нè прави непродуктивни и ја намалува нашата духовна енергија. Еве на кој начин можете да престанете да ги сфаќате лично работите и да живеете во мир и хармонија.

Овие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работите

1. Не се работи за вас туку за нив

Луѓето се несвесни за нивните најдлабоки стравови, несигурности и продолжуваат да ги проектираат своите идеи, најдлабоки желби, внатрешни конфликти и борби на оние околу нив. Она што луѓето не успеваат да го сфатат е дека проблемот лежи внатре во нив, а не надвор. Но, полесно е да ги рефлектираме нашите несвесни желби на другите, наместо да ги гледаме во очи и да се соочиме со нив.

2. Не обрнувајте премногу внимание

Од особена важност е да не се фокусирате секогаш на негативните зборови што луѓето ги зборуваат за вас. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на позитивните коментари. Имајте на ум дека негативните мисли имаат моќ да го отрујат вашето срце, вашиот ум, вашето тело и вашиот живот.

3. Бидете тоа што сте

Признајте дека никој не ве познава подобро од вас. Тоа значи дека мислењата на другите за вас, без разлика колку се злонамерни, никогаш нема да ве променат. Имајте на ум дека е ваша должност да си бидете верни на себеси, да ја прифатите секоја мана што ја имате и да си ја пружите љубовта што ја заслужувате. Ако одредени луѓе не се согласуваат со начинот на кој го живеете вашиот живот, тоа е нивен проблем, а не ваш.

4. Тоа што другите луѓе мислат за вас не е ваша работа

Доколку постојано се грижите за тоа што другите мислат за вас и постојано го барате нивно одобрување, веднаш станувате нивен затвореник. Вие сте слободна индивидуа – слободна да размислува, да зборува и да ги остварува своите соништа.

5. Луѓето го даваат она што го имаат во срцето

Сите ние сме родени со вродена потреба да даваме – да им го понудиме на другите околу нас она што го имаме во нашите срца. Оние луѓе чии срца се исполнети со љубов, добрина и сочувство, шират љубов кон секој на кој ќе наидат. Додека, пак, оние луѓе кои се во неволја и чии срца се ранети поради многуте предизвици, искушенија, трауми, тешкотии и болни искуства проектираат негативни емоции на луѓето на кои наидуваат. Во моментов тоа е сè што имаат да им понудат на другите. Нашата способност да го сфатиме ова ќе ни помогне да бидеме помалку груби кон луѓето за кои мислиме дека намерно шират негативност.

6. Чувајте го своето срце, бидејќи сè што правите произлегува од него

Без разлика што некој може да ви каже и без разлика колку негативност луѓето би можеле да се обидат да внесат во вашиот живот преку нивните постапки и однесувања, никогаш не дозволувајте болката што може да се создаде притоа да ве натера да мразите.

7. Негувајте го вашиот мир

Оддалечете се од оние нешта или луѓе што не ви носат мир, радост и среќа во вашиот живот и постојано фокусирајте се на оние работи што го исполнуваат вашето срце со љубов. Поставете го душевниот мир како ваша највисока цел во животот и не дозволувајте ништо и никој да се меша во тоа. Не дозволувајте ништо и никој да ви го нарушува внатрешниот мир. Секогаш кога ќе се соочите со тешка личност или ситуација, запрашајте се: „Како можам да се справам со оваа ситуација на начин што нема да го наруши мојот внатрешен мир? Дејствувајте на начин што ќе ви помогне да ја одржувате состојбата на внатрешен мир и спокојство.

Откако прочитавте на кој начин можете да престанете да ги сфаќате лично работите, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да им угодувате на другите.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар