Овие ретро шик аксесоари за коса ќе бидат најголемиот тренд во 2017-та година
Џен Аткин е фризерка на познатите личности, а со самото тоа што работи со познатите убавици ширум светот, како на пример, Кендал Џенер, Ким Кардашијан, Крис Тајген, Џиџи и Бела Хадид, природно е да знае што е модерно, што е задолжително и за што „полуделе“ овие ѕвезди. Бидејќи фризурите се нејзина специјалност, оваа дама осмислила сјајни аксесоари за коса кои ќе бидат задолжителни модени детали за 2017-та година. Станува збор за ретро шик аксесоари во златни нијанси кои се инспирирани од украсите кои некогаш ги носеле нашите баби. Ќе признаете дека тие изгледаат доста романтично, баш поради нивната винтиџ нота, и дека секоја ваша фризура во комбинација со нив ќе изгледа сосема поразлично.
Џен во својата колекција вклучила интересни шноли за коса, мали шноли украсени со златни детали и бисери, стегачи за коса кои исто така ги имаат овие бели „топчиња“ и со која фризура и да ги комбинира, резултатот е навистина прекрасен! Без разлика на тоа дали ќе направите едноставно коњско опавче, плетенка или пунџа, со овој украс со сигурност ќе бидете забележани, без разлика која прилика е во прашање.
Токму поради својата едноставност, а неодоливиот шарм, овие аксесоари ќе станат вашиот омилен украс за коса! Освен тоа, без разлика која прилика е во прашање и која фризура ќе ја изберете, овој неодолив златен украс ќе направи да блескате и сите погледи да бидат насочени кон вашата коса. А на познатите личности тоа им е целта, зарем не? Знае Џен што привлекува внимание! Па така, кога ќе се чувствувате лошо и кога фантазирате макар за момент да се најдете во кожата на вашите омилени познати личности, украсете ја вашата коа на овој начин и ќе се чувствувате како да сте на црвениот тепих!