Овие пораки никогаш не треба да им ги праќате на вашите бивши момчиња
Колку многу и да ви недостига или пак сте само љубопитни што се случува со вашите бивши момчиња, овие пораки едноставно не се добра идеја. Оставете го минатото таму каде што е, насмевнете се, погледнете во иднината, дозволете му на вашето срце повторно да сака и никако и никогаш не им ги испраќајте овие пораки.
1. Дали ме замени?
И да има и да нема друга, тоа повеќе не е ваша работа! Наместо да се концентрирате на неговиот живот, многу подобра опција е да видите што може да промените во вашиот на подобро. Зошто да го трошите своето време размислувајќи дали и со која девојка ве заменил? Вистината е дека не можете ништо да промените. Уште една вистина: доколку сте ставиле точка на врската, зошто да се навраќате на тоа?!
2. Како си, што правиш?
Ако веќе не сте заедно, ова е дефинитивно една од најлошите пораки кои можете да му ги пратите на своето бившо момче. Доколку немате ништо важно да му кажете, а и тој се откажал од комуникацијата со вас, зошто воопшто би му праќале нешто?
3. Зошто не ми оговори?
Ако тој не ви одговара на пораките, сè е прилично јасно! Нема потреба да се спуштате ниско и буквално да молите за одговор. Повеќе не сте заедно и од неговата слобода волја зависи дали ќе ви одговори или ќе ве игнорира.
4. Ми фалиш!
Не велиме дека е забрането да кажете дека вашата бивша љубов ви фали. Само сакаме да ве предупредиме дека овие изјави не се соопштуваат преку порака, туку во живо или преку телефон, бидејќи во тој случај може да има надеж за продолжение.