Овие обувки прават да изгледате многу постаро одошто сте!
Познато е дека во одредени парчиња облека или бои жените може да изгледаат постаро. Но, дали сте знаеле дека истиот ефект можете да го постигнете и со вашиот избор на обувки? Модните експерти тврдат дека постојат одредени модели на обувки во кои секогаш ќе делувате постаро отколку што навистина сте, а веруваме дека ниту една од вас не го посакува тоа. Затоа ви откриваме за кои обувки станува збор, но и со кои модели би требало да ги замените, за да изгледате во согласност со вашите години, па дури и помладо.
1. Заоблен врв наспроти шпиц
Веќе неколку сезони во мода се обувките со мини потпетица, кои најчесто доаѓаат во изданија со заоблен врв и со шпиц. Доколку првиот модел ве потсетува на нешто што би го носела вашата баба, делумно сте во право, бидејќи токму во моделите со заоблен врв ќе изгледате постаро. Затоа избирајте ги оние со шпиц, во кои ќе делувате помладо, но и помодерно.
2. Платформа наспроти широка потпетица
Ова лето, платформите се повторно на врвот на популарноста, но тоа не значи и дека се подобар избор. Обувките со кратка, дебела потпетица се стабилни и удобни исто како моделите со платформа, само што во нив нема да изгледате постаро.
3. „Машки“ обувки наспроти патики
Имаме лоша вест за љубителките на обувките кои својата инспирација ја добиваат од машкиот стил. Кожните црни обувки на жените делуваат грубо, дури и кога се во комбинација со најженствените парчиња облека. Тие исто така и додаваат години. Наместо нив, изберете некои тренди патики, кои денес слободно можете да ги комбинирате и со романтични фустани и здолништа.
4. Отворени чевли до глужд наспроти затворени чевли до глужд
Модните експерти велат дека летните чевли до глужд со отвори на прстите и петите се наоѓаат во минато. Таквите модели можеби го имале својот момент на слава во претходните сезони, но денес се ниско на модните листи, па затоа и визуелно ќе ве остарат. Ако веќе сакате да носите обувки до глужд, тогаш изберете ги оние „нормалните“, без никакви шуплини.
5. Анатомски наспроти гумени папучи
Сигурно веќе сте слушнале дека папучите се вистински хит за ова лето, па одвај сте дочекале да ги прошетате вашите анатомски модели надвор од домот. Но во таквите модели ќе изгледате постаро од тоа што сте, а доколку сакате да изгледате помладо и тренди, изберете папучи од гума и тоа во некоја силна и впечатлива боја.
Доколку не сте сигурни кои се идеалните обувки за вашата модна комбинација, решете ја вашата дилема со овој комплетен моден водич за женски обувки.