Оваа житарица е вашиот сојузник за добра меморија, но и за одржување на вашето здравје

Оваа житарица е вашиот сојузник за добра меморија, но и за одржување на вашето здравје

Позната по бројните хранливи својства, хељдата преставува идеален избор за сите оние кои сакаат да си го подобрат помнењето, односно да ги подмладат своите крвни садови. Оваа псевдожитарица (скриеносемени растенија кои се употребуваат како житарици) потекнува од Азија и е богата со минерали како калиум, фосфор и калциум, но и со микроелементи како јод и цинк, кои се неопходни за правилен развој и добро функционирање на организмот. Во денешно време, кога животот е исполнет со многу стрес и загадување, на организмот му е потребно многу повеќе нега, а токму тоа може и да ви го овозможи хељдата.

Оваа житарка е вашиот сојузник за добра меморија, но и за одржување на вашето здравје

Хељдата исто така се препорачува и за лицата чија здравствена состојба е нарушена од одредена болест, за постарите возрасни како и за оние кои имаат проблем со дигестивниот систем. Таа помага при правилна работа на цревата и важна е во вегетаријанската исхрана бидејќи изобилува со белковини и содржи витамини Б1 и Б2.

Таа е богата со диетални влакна, содржи 8 есенцијални аминокиселини, богата е со минерали, содржи фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар и манган. Го намалува нивото на шеќер во крвта, па токму затоа е одлична за оние кои имаат дијабетес. Од друга страна пак, таа го намалува високиот притисок и холестеролот, не содржи глутен, па затоа е совршена за оние луѓе кои страдаат од алергии. Таа исто така го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и ги намалува ризиците од рак.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар