Оваа вечер подгответе си нешто посебно: Француски тост со компот од шумско овошје

Оваа вечер подгответе си нешто посебно: Француски тост со компот од шумско овошје

Зарем има подобар начин да се наградите за добро завршената работа?

(3) Оваа вечер подгответе си нешто посебно: Француски тост со компот од шумско овошје

Потребни состојки:
За тостот:
  • 2 јајца
  • 120 милилитри млеко
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1/2 лажица екстракт од ванила
  • 6 парчиња сладок леб
За компотот:
  • 200 грама шумско овошје
  • 1 лажица шеќер
  • Шеќер во прав, по избор

(1) Оваа вечер подгответе си нешто посебно: Француски тост со компот од шумско овошје

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во тава. Во плиток сад измешајте ги јајцата, млекото, шеќерот и екстрактот од ванилата. Исечете го секое парче леб на 3 линии (ќе добиете 18), и поставете ги во групи по две, едно врз друго (за да добиете 9 подебели парчиња).

Натопете ги сите дебели парчиња во мешавината со јајцата и млекото, малку протресете ги за вишокот да падне од нив и потоа поставете ги на хартијата за печење. Ставете ги во рерната и печете околу 20-тина минути.

Додека лепчињата се печат, измешајте го шумското овошје со шеќерот во мало тенџере и поставете ги на среден оган, околу 5 минути, цело време мешајќи, со цел да ги спречите да не се залепат за дното. Ако шумското овошје е премногу кисело, додајте повеќе шеќер. Варете ги додека не добиете компот, односно околу 20 минути.

Извадете ги тостовите од рерната и сипете го врз нив компотот. По желба, додајте и шеќер во прав. Добар апетит.

(2) Оваа вечер подгответе си нешто посебно: Француски тост со компот од шумско овошје


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар